Во некои аспекти момчињата се навистина специфични, а тоа може да го потврдат и многу мајки. Многу од нив веруваат дека знаат сѐ за нивните навики, но на некои работи ништо не може да ве подготви…rnrn
rn
1. Заборавете на мирот и тишината
rn„Гласно или погласно“, е мотото на поголемиот дел од момчињата. Дури и оние кои по природа се помирени, често испуштаат звуци со сила на возрасен човек, а вие се прашувате каде исчезнала вашите драгоцена тишина. Ја замениле подеднакво драгоцени, само малку помирни моменти.rn
2. Момчињата се пошармантни
rnСо брзина на молња ќе ве заврти околу малиот прст и ќе му ги простите сите прекршоци, дури и оние поради кои би требало реално да поставите дисциплина. Момчињата благодарение на својот вроден шарм способни се во секунда да ги разоружат своите мајки.rn
3. Чувствителни се
rnНашето патријархално општество неправедно ги прогласува девојчињата за чувствителни, а момчињата за силни. Меѓутоа, девојчињата може да бидат подеднакво силни како и момчињата, а момчињата подеднакво чувствителни како и девојчињата, и секако во тоа нема ништо лошо.rn
4. Опседнати се со своите телесни „појави“
rnГасови, извршување нужда, подригнување – сето тоа се забавни работи за момчињата, па немојте да се изненадите доколку покажуваат голем интерес за нив.rnrn
rn
5. Загрижувачко се бестрашни
rnЌе се искачат на секое дрво и на секоја скала, ќе ја истражат секоја неистражена дупка без оглед на потенцијалната опасност. Затоа од нив воопшто не смеете да го оттргнете погледот.rn
6. Тие се под голем притисок
rnОпштеството од нив очекува во секој момент да бидат силни, цврсти, мажествени и да ги сокриваат своите емоции, односно да не ги покажуваат во несоодветни моменти, па токму заради тоа честопати се под голем притисок со кој не знаат како да се носат.rn
7. Обожаваат да прават неред
rnБез оглед на тоа дали сте во вашиот дом или во паркот, вашето малечко ќе ја искористи секоја прилика да направи некој неред. Не го прави тој тоа злонамерно, туку нередот обично е резултат на неговата голема разиграност и желбата да фати сѐ во своите раце, иако веројатно таа работа нема да ја врати на своето место.