Кога вашето срце припаѓа на две места одеднаш, може да биде тешко да се направи баланс. Секоја половина ве влече во спротивната насока, а вие не сте сигурни како да се справите. Но со тек на време, поголемиот дел од градските момци и девојки наоѓаат начин да го прифатат урбаниот живот, иако нивното срце им останува во родното место. Тие оставаат парче од себе кога си одат, но не би сакале да го сменат тоа. Погледнете ги следниве 7 битки што можат да ги разберат само оние градски девојки што се доселиле од село или многу помал град.rn
1. Ако вашиот дом бил покрај брег, вие копнеете за летните денови на плажа
rnИ покрај тоа што можеби го преферирате градот за време на зимите, вие сте пораснале во песок и токму таму лежи вашето срце што не може ништо да го стопли толку добро како летните месеци покрај вода.rn
2. Ви недостига дружењето со пријателите од маало
rnВие ги обожавате вашите градски пријатели, но истовремено ви недостигаат и оние со кои сте растеле заедно со сите внатрешни шеги што доаѓаат со нив. Ако живеат многу далеку од вас, обидете се што почесто да ги каните да престојуваат кај вас.rn
3. Скоро секогаш влечете куфер зад себе
rnАко местото каде што сте пораснале е релативно близу, вие поголемиот дел од слободното време го минувате движејќи се напред-назад, бидејќи правите планови и за во град и за дома. Вие сте девојка која постојано патува, со куфер што никогаш не е многу далеку зад неа. Една недела живеете во градот и потоа организирате долг викенд исполнет со скара и роденденски прослави кај вашите родители.rn
4. Не постои ништо толку удобно како вашиот стар кревет
rnДури и покрај тоа што сте купиле сличен, па можеби дури и ист душек, креветот во градот едноставно не ви делува правилно за вас.rn
5. Се чувствувате како да ги изневерувате милениците ако цимерите чуваат свое животинче
rnИсто така очекувате родителите и браќата и/или сестрите постојано да ви праќаат фотографии од крзненото бебенце за да бидете во тек со сите случувања.rn
6. Сте нашле неколку ресторани што ве потсетуваат на дома
rnНо да бидеме искрени… ништо не може да го надмине готвењето на вашата мајка!rn
7. Апартманот во градот ви е декориран на сличен начин како вашата стара соба
rnИ е исполнет со фотографии од вашето семејство и пријателите за да го намалите нивното недостигање. Најчесто тие се закачени на ѕидовите за да можете лесно да ги пронајдете со поглед кога ќе се почувствувате осамено.
Прочитајте и за 10-те придобивки што ги искусуваат само луѓето што живеат во село!

