5 замени за омекнувачот за алишта со кои вашата облека ќе биде волшебно мека
Доколку сакате вашите алишта да бидат меки и еластични без додавање омекнувач, тогаш испробајте ги овие алтернативни помагала со кои испраните алишта ќе ја „галат“ вашата кожа.
1. Додајте 120 грама сода бикарбона во 240 милилитри вода и добиената содржина ставете ја во делот за омекнувач. Можеби облеката нема да мириса толку интензивно како што сте се навикнале, но затоа ќе биде многу помека, бидејќи содата е најдобрата помеѓу состојките што ја омекнуваат водата.
2. Некои луѓе наместо омекнувач во сушалната за алишта ставаат тениски или разни гумени топчиња. Оваа метода не е многу омилена, бидејќи може да создаде проблеми кај личностите кои се алергични на латекс, но исто така, не е најдоброто решение за чувствителните парчиња облека. Меѓутоа, доколку немате проблеми со наведеното, слободно испробајте ја и оваа варијанта.
3. Додавање 240 милилитри вински оцет во делот за омекнувач, ќе ја омекне вашата облеката и ќе ја освежи со мирис, иако тоа нема да биде ефикасно во онаа мера како што е случајот со содата. Ова дефинитивно е најпопуларната метода за алтернативно омекнување на алиштата. Исто така, можете да додадете и неколку капки од омиленото етерично масло.
4. Една необична метода е ставање на мали топчиња изработени од алуминиумска фолија во сушалната за алишта. Она што е важно е да ги избегнувате кога сушите чувствителна облека.
5. Секако, секогаш можете да се одлучите за омекнувач за алишта на природна база кој можете да го пронајдете во големите и подобро опремените маркети за здрава исхрана и други производи за домаќинство со природно потекло.