Од првото појавување на филмското платно па сè до денес, Бред Пит важи за еден од најпривлечните и најпосакувани мажи во светот. Неговиот приватен живот постојано добива големо медиумско внимание, па луѓето некако забораваат дека тој првенствено е актер кој зад себе има голем број извонредни филмови.rnrn
rnrnХоливудските критичари често му забележуваат дека прави погрешни избори на улоги, односно дека игра ликови кои се тешки за глумење, а истовремено и не се премногу атрактивни за широката публика. Иако ова на прв поглед не звучи убаво, може да претставува гаранција дека следниве неколку филмови се навистина добри и го заслужуваат вашето внимание.rnrn
Седум (Se7en)
rn
Година: 1995rnrnАктери: Бред Пит, Морган Фримен, Кевин СпејсиrnrnЖанр: трилер, мистеријаrnrnНаша оценка: 9rnrnКратка приказна: Морган Фримен и Бред Пит глумат детективи кои се во потрага по свиреп убиец којшто преку убиствата го покажува својот револт кон владеењето на седумте смртни гревови во светот.rn
rn
Дрвото на животот (The Tree of Life)
rn
Година: 2011rnrnАктери: Бред Пит, Шон Пен, Џесика ЧестејнrnrnЖанр: драмаrnrnНаша оценка: 9rnrnКратка приказна: Филмот ја следи приказната на едно момче од Тексас и неговиот живот од детството во педесеттите години на минатиот век и конфликтите со авторитетниот татко, па сè до зрелоста кога бара одговори поради некои разочарувања.rn
rn
Манибол (Moneyball)
rn
Година: 2011rnrnАктери: Бред Пит, Џона Хил, Робин РајтrnrnЖанр: спортска драмаrnrnНаша оценка: 10rnrnКратка приказна: Ова е филмот кој на Бред Пит му донесе и номинација за „Оскар“ и едно од неговите најдобри остварувања. Тој го глуми менаџeрот на бејзбол тимот Оукленд Атлетикс, кој откако ќе ги изгуби главните ѕвезди ќе мора да најде начин како со ограничен буџет да стигне до нов успех. До него ќе се обиде да стигне на многу неконвенционален начин, а во тоа ќе му помогне интелигентниот Питер Бренд (Џона Хил).rn
rn
Боречки клуб (Fight Club)
rn
Година: 1999rnrnАктери: Бред Пит, Едвард Нортон, Елена Бонам КартерrnrnЖанр: драма, мистеријаrnrnНаша оценка: 10rnrnКратка приказна: Едвард Нортон глуми несоничар кој барајќи решение на својот проблем ќе налета на харизматичниот Тајлер Дарден (Бред Пит). Тајлер е сето она што ликот на Нортон посакува да биде, па бргу ќе се спријатели со него и ќе основаат илегален боречки клуб. Кога работите ќе почнат да излегуваат од контрола, ликот на Нортон ќе почне да се осознава себеси.rn
rn
Мексиканец (The Mexican)
rn
Година: 2001rnrnАктери: Бред Пит, Џулија Робертс, Џејмс ГандолфиниrnrnЖанр: акцијаrnrnНаша оценка: 9rnrnКратка приказна: Џери Велбек заработува извршувајќи одредени работи за некои криминалци. Откако ќе ѝ вети на неговата сопруга дека престанува со ова занимање, ќе добие задача да го врати пиштолот наречен Мексиканец од Мексико во САД. Следува интересна акција во која ќе се обиде да ја заврши последната задача и да ја зачува сопругата.rn
rn
Бабел (Babel)
rn
Година: 2006rnrnАктери: Бред Пит, Кејт Бланшет, Гаел Гарсија БерналrnrnЖанр: драмаrnrnНаша оценка: 9rnrnКратка приказна: Ова се смета за еден од најдобрите актерски перформанси на Бред Пит досега. Бабел е замрсена приказна која поврзува четири различни семејства на различни локации во светот, но главно се движи околу трагедијата на една брачна двојка во пустината во Мароко.rn
rn
Троја (Troy)
rn
Година: 2004rnrnАктери: Бред Пит, Ерик Бана, Орландо БлумrnrnЖанр: акција, авантураrnrnНаша оценка: 8rnrnКратка приказна: Троја е екранизација на Хомеровиот еп Илијада, којшто ја следи војната меѓу Грците и Тројанците чиј повод е грабнувањето на убавата Елена од Троја. Филмот се памети и по борбата помеѓу Ахил и Хектор, една од највпечатливите филмски борби во поново време.rn
rn
Неславни копилиња (Inglourious Basterds)
rn
Година: 2009rnrnАктери: Бред Пит, Кристоф Волц, Мелани ЛоранrnrnЖанр: воена драмаrnrnНаша оценка: 10rnrnКратка приказна: Извонреден филм режиран од Квентин Тарантино во кој Бред го игра американскиот поручник Алдо Рејн, евреин-водач на тајна единица американски војници чија цел е да го убијат нацистичкиот лидер Адолф Хитлер, и тоа во текот на војната. Главен противник во нивната мисија ќе биде офицерот Ханс Ланда, маестрално одигран од Кристоф Волц.rn
rn
Седум години на Тибет (Seven Years in Tibet)
rn
Година: 1997rnrnАктери: Бред Пит, Дејвид ТулисrnrnЖанр: авантура, биографијаrnrnНаша оценка: 7rnrnКратка приказна: Вистинска приказна за Австриецот Хајнрих Харер и неговото пријателство со Далај Лама на Тибет, и тоа токму во времето кога Кина ја окупира малата држава.rn
rn
Легенди на есента (Legends of the Fall)
rn
Година: 1994rnrnАктери: Бред Пит, Ентони Хопкинс, Ејдан Квин, Џулија ОрмондrnrnЖанр: драма, романсаrnrnНаша оценка: 7rnrnКратка приказна: Топла интересна приказна за тројца браќа и нивниот татко, сместена на една фарма на почетокот на дваесеттиот век. Филмот го следи нивниот животен пат на кој влијаат војните, љубовта и една прекрасна жена.rn
rn
Единасетмината на Оушн (Ocean’s Eleven)
rn
Година: 2001rnrnАктери: Џорџ Клуни, Џулија Робертс, Бред Пит, Мет ДејмонrnrnЖанр: трилерrnrnНаша оценка: 8rnrnКратка приказна: Единаестмината на Оушн е првиот дел од трилогијата во која Дени Оушн (Џорџ Клуни) е водач на група која ги ограбува најдобро обезбедуваните казина во Лас Вегас. Ако го изгледате првиот дел, ќе сакате да ги гледате и останатите.rn
rn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
