Студентите сè повеќе препишуваат на испити со помош на гаџети!

Студентите сè повеќе препишуваат на испити со помош на гаџети!

Смартфони, часовници, слушалки – се само дел од уредите што студентите ги користат да препишуваат на испити, а оваа појава со помош на најновата технологија во последните пет години е зголемена за 42%.

Студентите сè повеќе препишуваат на испити со помош на гаџети!

Сè поголем број на студенти што препишуваат на испити ги користат предностите на моќните премиум уреди како телефони, паметни часовници или скриени слушалки.

Попрецизно, во последните пет години постои поголема комоција околу учењето за испити, токму поради можноста од помош и асистенција од најновата, иновативна технологија.

Само во минатата година во Британија откриени се 210 студенти што користеле скриени уреди за препишување. Секако дека вистинскиот број на студенти што мамат на испити и на колоквиуми е многу поголем, бидејќи уредите се толку софистицирани што многу од студентите никогаш нема да бидат детектирани во својата активност.

Студентите сè повеќе препишуваат на испити со помош на гаџети!

Досега на професорите им беше скоро невозможно да ги следат сите студенти, најмногу поради тоа што испитите не се сведуваа на класична достава на завршена писмена работа, а се повеќе креативни студенти доаѓаат до креативни решенија кои е сѐ потешко да се откријат.

Во еден јужен град во Кина одлучиле да му стават крај на препишувањето на испити, па почнале да ги надгледуваат студентите за време на приемните испити со многу тивки дронови. Овие уреди се ротираат за 360 степени и ја следат состојбата во целиот амфитеатар, а детектираат и најмали „буби“ во ушите.

Дека способностите и карактеристиките на дроновите се сè покомоплексни покажува и неодамнешната достава на најновиот премиум уред на Samsung, моќниот Samsung S8, кој на Телеком корисниците што го нарачаа онлајн им стигна со дрон до прагот на домот.

Флотата на дронови што го испорачувала новиот Samsung S8 комуницирала меѓусебно во врска со временските прилики, другите беспилотни летала во просторот, како и за најповолните маршрути за што поуспешно следење на корисниците. Овој иновативен начин на достава ги изненади оние што со нетрпение ја очекуваа својата пратка, знаејќи дека официјалната продажба на Samsung S8 почнува дури на 28 април.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар