20 цитати за проширување на свесноста што ќе ве инспирираат да ја направите секоја секунда важна
Во последните неколку децении проширувањето на свесноста стана доста популарна меѓу луѓето што се обидуваат да го одржуваат своето ментално здравје. Но што всушност значи проширување на свесноста и како да го практикувате? Тоа значи да се биде во сегашниот момент без судење. Проширената свесност ви дозволува да ги препознаете вашите мисли, чувства и постапки без да „заглавите“ во секојдневните автоматски реакции. Има многу мистични работи околу проширувањето на свесноста, но тоа е едноставно да бидете присутни во сегашниот момент. Погледнете ги следниве 20 цитати што ќе ви помогнат да живеете во сегашноста.
„Кога ќе сфатите дека ништо не недостасува, целиот свет ви припаѓа вам.“ – Лао Це
„Во денешната брканица сите мислиме премногу, бараме премногу, сакаме премногу и забораваме на радоста едноставно да постоиме.“ – Екарт Тол
„Најубавиот подарок што можеме да го подариме е нашето присуство. Кога свесноста ќе ги прегрне нашите љубени, тие ќе процветаат како цветови.“ – Тич Њат Хан
„На крајот, важни се само 3 работи: Колку добро сме живееле. Колку добро сме љубеле. Колку добро сме научиле да простуваме.“ – Џек Корнфилд
„Во моментот кога ќе посакаме да бидеме посреќни, повеќе не сме среќни.“ – Волтер Ландор
„Во моментот кога ќе почнеме да обрнуваме повеќе внимание на што било, дури и на обична трева, тоа станува мистериозно, одлично, неописливо прекрасно.“ – Хенри Милер
„Ако сакате другите да бидат среќни, имајте сочувство. Ако сакате вие да бидете среќни, имајте сочувство.“ – Далај Лама
„Ја имаме само сегашноста, само овој вечен момент кој се отвора пред нас, секој ден и секоја ноќ.“ – Џек Корнфилд
„Животот не е изгубен со умирањето; животот се губи минута по минута, ден по ден, на секој мал и негрижлив начин.“ – Стивен Винсент Бенет
„Дишењето е најфиниот подарок од природата. Бидете благодарни за овој прекрасен подарок.“ – Амит Реј
„Во овој момент има доволно време. Во овој момент вие сте токму тоа што треба да бидете. Во овој момент има бескрајно можности.“ – Викторија Моран
„За да живеете во сегашноста запомнете дека и ова ќе помине. Кога сте радосни, потсетувањето дека и тоа ќе помине ќе ви помогне да го цените во овој момент. Кога ќе почувствувате болка и тага, потсетувањето дека и тоа ќе помине ќе ви помогне да се сетите дека и тагата, како радоста, е само привремена.“ – Џои Грин
„Ни нашиот најголем непријател не може да нè повреди толку колку што можат нашите лоши мисли. Никој не може да ни помогне колку нашите сочувствителни мисли.“ – Буда
„Најфундаменталната агресија кон себе, најфундаменталното лошо што можеме да си го направиме себеси е да останеме неуки немајќи ја храброста и почитта да се погледнеме искрено и нежно.“ – Пема Чодрон
„Бидете среќни во моментот, тоа е доволно. Секој момент е тоа што ни треба, ништо повеќе.“ – Мајка Тереза
„Ние трошиме скапоцено време плашејќи се од неизбежното. Ќе биде многу попаметно да го искористиме тоа време во обожавање на нашето семејство, негување на нашите пријатели и живеење на нашите животи.“ – Маја Ангелоу
„Ако се чувствувате изгубено, разочарано или слабо, вратете се кон себе, кон онаа личност што сте тука и сега, и кога ќе стигнете таму ќе се откриете себеси, како лотус кој цути дури и во калливо мочуриште, убави и силни.“ – Масару Емото
„Бидете добри секогаш кога е возможно. Секогаш е возможно.“ – Далај Лама
„Одете внатре секој ден и пронајдете ја внатрешната сила за светот да не може да ви ја изгасне свеќата.“ – Кетрин Данам
„Медитацијата е друга димензија на природната убавина. Луѓето зборуваат за ценење на природната убавина – искачување планини, гледање жирафи и тигри во Африка и секакви работи. Но никој не ја цени својата природна убавина. Ова всушност е многу поубаво од флората и фауната, многу пофантастично, поболно и поживосписно.“ – Чогјам Трунгпа
Прочитајте ги и овие мотивирачки цитати кои ќе ве подигнат.