Овој неверојатен тип визит-карти се изработува во Швајцарија, а за нивното создавање се користи акрил и дијаманти со највисок квалитет. Најпрво почнале да се прават за богатите фамилии од Блискиот Исток, за да симболизираат единственост и моќ. За секој заинтересиран клиент се прават уникатни визит-карти со специфичен дизајн.
Од компанијата истакнуваат дека досега имале интерес од многу луѓе од деловниот свет, но дека не им излегуваат на сите во пресрет, бидејќи нивната цел е да ги опфатат само најуспешните луѓе од највисоките општествени слоеви. 
Исто така, секоја од визит-картите е обложена со специјален материјал кој е отпорен на разни оштетувања и од гребаници. Просечната цена за една визит-карта изнесува 1.534 американски долари, а во еден сет најчесто се вклучуваат 30 парчиња.

rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
