Земете молив и хартија во рака: 20 начини да се опуштите со помош на цртањето

Сподели

Понекогаш решението на проблемот не ви доаѓа толку лесно, иако вашиот мозок работи со „200 на час“. Ви изгледа дека решението ви е на дофат, но никако да го зграбите. Во овие ситуации, сѐ што ви е потребно е молив и хартија за да си ги соберете мислите. И тогаш само цртајте, понекогаш и не е важно што. Така ќе се смирите, а вашите мисли ќе станат похармонични. Погледнете неколку совети што да цртате во зависност од тоа како се чувствувате.

Реклама

1. Замор – Цртајте цвеќе.

2. Лутина – Цртајте линии.

3. Болка – Сложувајте модели.

4. Досада – Бојте со разни бои.

5. Страв – Цртајте што било.

6. Тага – Бојте виножито.

7. Загриженост – Направете кукла.

8. Огорченост – Искинете ја хартијата на мали парчиња и сложете ги во одреден облик.

9. Анксиозност – Правете одредени фигури од хартија (оригами).

10. Носталгија – Цртајте лавиринт.

11. Разочарување – Копирајте некој портрет или цртеж.

12. Очај – Нацртајте го вашиот излез.

13. Збунетост – Цртајте индиска мандала (спиритуални и ритуални индиски симболи кои го претставуваат универзумот).

14. Кога ви е потребно да ја вратите силата – Сликајте пејзажи.

15. Кога не можете да пронајдете смисла во вашите чувства – Нацртајте автопортрет.

16. Кога сакате да го запомните моментот Цртајте различни форми што потоа ќе ги обоите.

17. Кога ќе сакате да ги соберете мислите – Нацртајте саќе или улици кои се сечат под прав агол (квадрати).

18. Кога ви е потребно време за да го направите вистинскиот избор – Цртајте бранови или кругови.

19. Кога чувствувате дека сте заглавиле во рутина – Цртајте спирали.

20. Кога сакате самите на себе да си ја претставите најважната цел – Цртајте цели, како на пример, пикадо.

Прочитајте и зошто психолозите тврдат дека боењето е најдобрата алтернатива на медитацијата.

Популарно

Може ќе ве интересира