5 работи со кои најверојатно ги нервирате келнерите

Сподели

Знаете кое вино да го нарачате, која маса има најдобро осветлување за правење фотографии за Инстаграм и која храна да ја одбегнувате во повеќето ресторани. Но, пред да заклучите дека знаете како да се однесувате во ресторан, обрнете внимание на нештата со кои ги нервирате келнерите. Проверете дали правите некоја од следниве 5 работи и веднаш променете го начинот на однесување…

Реклама

rn

1. Ги собирате празните чинии

rnВие мислите дека им помагате на келнерите да ја расчистат масата со тоа што ги ставате сите чинии на еден куп. Но, верувајте дека не е лесно да се носи цела кула од садови до кујната, така што најдобро е да ги оставите сами да си го направат распоредот на собирање валкани чинии.rn

2. Се жалите дека јадењето ви се изладило (откако сте чекале 15 минути за да почнете со јадење)

rnВашето јадење било послужено топло, но додека сте ја правеле совршената фотографија за Инстаграм, сте им се фалеле на пријателите за тоа колку вкусно изгледа и потоа сте продолжиле со разговор уште 10 минути, тоа се изладило. Келнерите не се виновни за ова, така што немојте да ја враќате храната, освен ако не ви била послужена ладна.rn

3. Го враќате јадењето назад ако личноста која е со вас во ресторанот отишла до тоалет

rnЗнаеме дека сакате вашите пријатели да добијат топол оброк, но ако го вратите јадењето, ќе ја попречите целата работа во кујната. Верувајте дека храната ќе биде исто толку вкусна ако поседи на маса 2 минути.rn

4. Очекувате роденденски десерт без да го нарачате

rnНема да погрешите доколку спомнете дека славите роденден кога ќе резервирате, но не очекувајте дека некој ќе ви донесе десерт со свеќички, освен ако не сте побарале. Вашите келнери не можат да ви ги прочитаат мислите и да претпостават дека ќе сакате десерт.rn

5. Барате попуст ако се работи за посебна прилика

rnЧеститки за вашата годишнина, но не сте вие единствените во ресторанот кои прославуваат некој посебен настан. Немојте да очекувате и да барате попуст.

Прочитајте ги уште овие неколку работи што ги нервираат келнерите.

Популарно

Може ќе ве интересира