Многупати сме страдале бидејќи некои луѓе не ги исполниле очекувањата кои сме ги имале за нив. Вистина е дека секој од нас ги сака основните работи како што е почит, но некои очекувања можат само да нè разочараат. Еве ги 15-те работи што не би требало да ги очекувате од другите.rnrn
rn
1. Никогаш не ги судете другите според вашите стандарди
rnТреба да сфатите дека многу луѓе се поразлични од вас. Имаат други морали и принципи. Фокусирајте се на вашето чувство за добро и лошо и никогаш не го наметнувајте на друг. Сè додека некој не ве повредил, немојте да го судите.rn
2. Никој не е совршен
rnНе можете да очекувате некој да биде направен совршено за вас. Разочарувањата се дел од животот. Несовршеностите се направени за да бидат совршени. Опсесијата сè да биде совршено понекогаш може да биде многу опасна.rn
3. Не очекувајте секој да се согласува со вас
rnДури ни најдобрите пријатели не се согласуваат во сè. Можете да не се согласувате во ништо, и сè уште да имате прекрасни врски.rn
4. Никој не може да ви ги чита мислите
rnПостојат интуитивни личности, но ова не ги прави сите чувствителни и читачи на мисли. Не се сите луѓе исти, па затоа престанете да очекувате да се случат чуда кога знаете како некој размислува.rn
5. Немојте да мислите дека другите ќе ви помогнат
rnОва може да биде погрешно очекување во блиските врски. Но многу луѓе денес не би ви подале рака кога тоа би ви требало. Секој си има свои проблеми, па затоа вие самите справувајте се со вашите.rn
6. Нема сите да ве разберат
rnНема потреба сите да ве разбираат. Она што е важно е функционална врска со вашите блиски. Не ви треба прифаќање од секој.rn
7. Не мислете дека другите ќе ве третираат како вие нив
rnИако ова изгледа како совршено правило, работите не излегуваат секогаш како што сме сакале. Подобро соочете се со реалноста и бидете фер кон сите. Не ја очекувајте благодарноста и сочувството од другите.rn
8. Луѓето се менуваат
rnПовеќето луѓе се менуваат со секоја помината година. Светот во којшто живееме не е совршен и секој ден е нова битка каде што повеќето нè осудуваат. Луѓето се менуваат со текот на времето и важно е да ги спуштите вашите стандарди.rn
9. Ретко кој ги средил сите свои проблеми
rnЖивотот знае да биде негативен и повеќето од нас се соочуваат со падови. Понекогаш не е можно сè да биде во ред. Важно е ваквите падови да ги прифаќате полесно.rn
10. Создадете чувство на љубов однатре
rnТреба да бидете способни самите да се љубите. Наместо да ја трошите на неискрени луѓе, пробајте самите да си подарите малку љубов.rnrnТреба да ви стане јасно дека животот не е секогаш лесен и дека некои работи ќе ги добиете само со многу труд. Штом ќе го сфатите ова, разликата ќе биде очигледна.rn
12. Не очекувајте другите да бидат секогаш фер
rnЖивотот е како бојно поле. Научете дека некогаш нема да добиете ништо за возврат.rn
13. Престанете да мислите дека противниците нема да успеат
rnОва е многу чест проблем. Сè што можете да направите е да го извлечете најдоброто од себе и да не очекувате нешто за возврат. Наместо да се фокусирате на другите, фокусирајте се на себе!rn
14. Контролирајте ги вашите пари
rnНе очекувајте некој друг да ви ги плати сметките. Дури и со најдобро однесување, вашите блиски не се должни да ви ги плаќаат сметките. Треба да бидете финансиски стабилни и независни.rn
15. Поставувајте си стандарди само за вас
rnМногу е важно да заборавите на очекувањето дека некој ќе ги исполни сите ваши очекувања за совршеност. Можете да си поставите стандарди само за вас, но другите нема да го следат тоа. Прифатете го ова и продолжете понатаму.rnrnПрочитајте и за моќта на живеењето без очекувања!