Сѐ во животот на некој начин се заснова на логика и секоја постапка носи и одредена реакција. Па, што би требало да правите кога сакате да имате подобра љубовна врска? Вие треба да бидете способни и решителни и да се тренирате самите да бидете полни со љубов и внимателни. Денес ви прикажуваме неколку вежби кои ќе ви помогнат да изградите хармонична, долготрајна и среќна врска.rnrn
rn
1. Разгорете ги најсреќните моменти
rnМожеби не сте свесни за тоа, но со секој изминат месец вие станувате сѐ помалку способни за разбирање и простување, емоции кои на почетокот ви се чинеше дека ги имате премногу. За да ги вратите назад, обидете се да се сетите како сето тоа започнало. Овие среќни спомени ќе ви помогнат да го гледате вашиот партнер на ист начин како што го гледавте додека се заљубувавте.rn
2. Не заборавајте да ги искажете своите желби
rnКолку повеќе сте во врска, толку повеќе очекувате вашиот партнер да ги предвиди дури и вашите скриени желби. Ако тие желби не ви бидат исполнети, тогаш вие го сметате партнерот како бездушен и тоа може да ви ја уништи врската. Избегнете ги овие проблеми така што едноставно ќе ги искажете своите потреби однапред.rn
3. Не прашувајте „Како ти помина денот?“
rnРазговорите кои се фокусираат на вакви или слични досадни прашања, нема да ве зближат, туку ќе ви ја прикажуваат врската како некоја рутина. Обидете се да го прашате вашиот партнер нешто друго на крајот од денот, на пример „Дали ти беше интересно на работа?“ Ќе бидете изненадени од тоа колку поубав и поинтимен ќе стане разговорот.rn
4. Станете експерти еден за друг
rnШто навистина знаете за вкусовите и хобито на вашиот партнер? Дали знаете кои работи може да го направат среќни? Не двоумете се да поставувате прашања. Исто така обидете се да ги забележите реакциите на вашиот партнер при различни настани и ситуации. Ова ќе ви биде потребно за да успеете да го направите среќен.rn
5. Бидете секси
rnЦелта е да останете атрактивни и посакувани во секојдневните ситуации. Потребно е заеднички да ги набљудувате вашите меѓусебни реакции и потоа да зборувате за нив.rnrn
rn
6. Бидете креативни кога станува збор за заедничките излегувања
rnМожете да најдете многу прекрасни идеи за тоа каде да го поминете вашето време. Користете ја и сопствената фантазија. Пријатната вечер со пица и добар филм, може да почека. Секогаш можете да бидете покреативни и да пронајдете поинтересни места за излегување!rn
7. Чувајте ги проблемите подалеку од вас
rnСтресот кој го носи модерниот и бурен начин на живот, може да ја засени дури и најсреќната врска. Ова е причина зошто треба дополнително да се заштитите и да ги оставите на страна вашите грижи додека поминувате време со вашиот партнер. Обидете се да најдете активности кои ќе ви носат задоволство и на двајцата, без притоа да ви бидат пречка проблемите поврзани со работата и слично.rn
8. Научете да не влегувате често во расправии
rnКога се карате и сте на работ да експлодирате, научете да се запрете себеси и да не ги преминете границите. Можете да го кажете вашиот аргумент подоцна, кога ќе бидете посмирени. Паузата ќе ви помогне да ја намалите емоционалната напнатост и ќе ви овозможи да најдете мирно решение.rn
9. Покажете ги вашите вистински чувства
rnПовеќето луѓе имаат тенденција да ги покажуваат емоциите на „повисоко ниво“, односно, се стремат да ја покажат конечната реакција на нешто. Сепак, треба да ги откривате емоциите на „средно ниво“, со што ќе им овозможите на вашите партнери да пронајдат насока за вашите чувства и мисли. Ова ги вклучува среќата, задоволството, разочарувањето и осаменоста.rn
10. Извинете се со целото свое срце
rnИзвинувањата играат важна улога во една врска, но тие треба да доаѓаат од срцето. Кога ситуацијата го бара тоа, вие би требало да бидете искрени и да ги признаете своите грешки. Единствено кажувањето на вистината ќе му овозможи на вашиот партнер да ви прости целосно.rnrn