Пролетно изненадување: Цветни чоколадни тортички
Заблажување за време на топлите пролетни температури
Потребни состојки:
За тестото:
- 90 грама несолен путер, омекнат
- 45 грама шеќер
- 100 брашно за сите намени
- 1 лажица какао во прав
За филот:
- 130 грама чоколадно млеко
- 125 милилитри шлаг пена
- 1 лажица пченкарен сируп
За декорација:
- Шумско овошје
- Цвеќиња што се јадат
Начин на подготовка:
За тестото: Ставете ги сите состојки во еден голем сад и матете со електричен миксер на ниска брзина сè додека не се формира тесто. Префрлете го во тава претходно обложена со хартија за печење и оставете го во фрижидер на 30-тина минути. Покријте го целосно со хартијата. Загрејте ја рерната на 180 степени. Исечете го тестото на кругови, со околу 5 сантиметри ширина во дијаметар и поставете ги во друга тава претходно обложена со хартија за печење. Печете 8-10 минути.
За филот: Комбинирајте ги сите состојки во мало тенџере и варете на низок оган, постојано мешајќи, сè додека не добиете мазна и хомогена смеса. Префрлете во мал сад, прекријте со капак и оставете го во фрижидер додека не се згусни.
За декорација: Сипете го филот во шприц со кружен отвор и така нанесете го на подготвеното тесто. Наредете го шумското овошје и цвеќињата на начинот што најмногу ви се допаѓа.
Чувајте ги тортичките во фрижидер.