8 клучни причини зошто високо интелигентните личности имаат помалку блиски пријатели
Ако и вие имате само неколку блиски пријатели и едноставно немате потреба од нови, тогаш тоа е еден од знаците дека сте можеби високо интелигентна личност. Но зошто се случува ова? Прочитајте во продолжение…
1. Вие сте слободни во говорењето, размислувањето и делувањето. Тоа е сосема спротивно од вашите пријатели. Вие имате силен став и цврсто изградени вредности. Умот не ви познава граници и секогаш имате што да кажете. Размислувате различно од останатите и не се грижите за нивните мислења.
2. Немате време за бесцелни разговори и не се трудите да бидете во тек со сечиј живот. Најголемиот дел од денот го минувате сами, па затоа не се грижите дури ни за најновите трендови или пак, за новитетите во светот на музиката. Немате интереси за материјални нешта, ниту пак се плашите дека ќе пропуштите нешто ако не излезете од дома.
3. Можете добро да ги процените луѓето и лесно се дистанцирате од оние што не се вредни за вашето време. Ако тие не ви помагаат да станете подобра личност, тогаш немаат место во вашиот живот. Вашата цел е да се опкружите со позитивни луѓе, што го влечат најдоброто од вас и што ве мотивираат на личен раст и развој.
4. Помалку зборувате, а повеќе слушате, па често сфаќате дека сте во позадината, набљудувајќи ги останатите околу вас. Вие сте доволно зрели за да не ве интересираат социјалните мрежи, злобните планови за одмазда, нелојалните партнери и однесувањето без почит. Гледате многу повеќе во животот од овие нешта и верувате во позитивна енергија.
5. Не сакате да сте дел од драма. Вие не се полните со енергија од неа, како што често се случува со луѓето околу вас. Семејството ви е многу поважно, па попрво би изгледале една епизода со сестрата и/или братот, отколку да одите во клуб со друштво. Непотребната драма што доаѓа со ноќта е токму тоа што се обидувате да го избегнете, бидејќи инстантно ви го расипува расположението.
6. Немате потреба да си ја докажувате вашата вредност. Вие сте среќни онакви какви што сте, независни и силни. Не се потпирате на другите и знаете како да си дадете поддршка. Не ви се потребни 10 снапчети или 300 срца на Инстаграм за да можете да се насмеете. Вие сте благодарни за малите нешта и не чувствувате потреба да бидете прифатени од никого.
7. Веќе сте сфатиле кои ви се вистинските пријатели и немате потреба од нови. Многу сте внимателни кога пуштате нови луѓе во вашиот живот, и ретко се случува некој толку многу да ве маѓепса што одма би му го отвориле патот. Вие сакате личности што размислуваат и се изразуваат на сличен начин како вас, и ги делат истите вредности.
8. Вие сте стара душа што има визии за иднината. Непријатно ви е да ги споделувате вашите соништа со оние што имаат ограничен ум. Вие работите напорно за да ги остварите своите цели и немате време за препреки на патот. Имате различен фокус од останатите и целото слободно време го инвестирате во напредок.
Прочитајте и како психолозите објаснуваат зошто високо интелигентните луѓе имаат помалку пријатели!
па ја сум гениј, ако е вака