Поддршка за спортот и зачувување на здравјето
Инспирирани од тврдењето што ја слави моќта на здравото грло, тимот на Септолете Тотал беше во посета на тренингот на момците од КК „Работнички“ во нивната матична спортска сала во градскиот парк во Скопје. Момците добро се познаваат меѓу себе, многу досетки, шеги и динамична игра е дел од овој тренинг, атмосфера од кој секој би посакал да биде дел, амбиент што несомнено ги мотивира сите останати да го сакаат овој комплексен спорт.
Минатата година, Септолете Тотал му додели посебно признание токму на Марин Докузовски, таткото на македонската кошарка, моментален тренер и стратег на КК Работнички за неговиот исклучителен придонес во насока на јакнење на капацитетите за развој на кошарката, пред сѐ преку својот личен пример, а подоцна и како тренер и како селектор, поттикнувајќи залагање, влевајќи доверба и промовирајќи вистински вредности.
„Секако дека кошарката, како и сите други колективни и индивидуални спортови придонесува кон зачувување на здравјето. Само здрав спортист е мотивиран и способен да го даде својот максимум и да обезбеди врвни резултати за себе и за тимот. Септолете Тотал и овој пат ја потврди својата поддршка во афирмирање на значењето на спортот, бидејќи тој освен што носи здравствени придобивки, култивира здрави генерации, придонесува и кон развивање на нови перспективи и подобри услови за развој на квалитетот на животот“ – изјави Марин Докузовски.
Септолете Тотал ги охрабрува сите поединци да ја користат моќта на своето грло и да мотивираат, инспирираат, поттикнуваат, поддржуваат и да создаваат поволен амбиент за напредок и за развој на позитивни практики во различни сфери од животот.