Постојат неудобни телесни појави и ситуации за кои сме одлучиле да молчиме, бидејќи кога би ги изговориле на глас ни изгледа дека ќе бидеме исмеани. Единствениот доктор на кого целосно му веруваме во тој момент е д-р Гугл, но ние денес одлучивме малку да се вмешаме. Направивме кратко истражување и на едно место ги ставивме одговорите на 7-те најголеми „неудобности“ кои најчесто се испишани на пребарувачите на д-р Дискретен.rnrn
rn
1. Како да доживеам оргазам?
rnГлумите оргазам или навистина го доживувате? Жените кои никогаш не доживеале оргазам би требало најпрво да го истражат сопственото тело. Тоа е доста важно, бидејќи на тој начин жената мора да открие како најдобро самата може да си пружи уживање пред некој друг да ѝ го овозможи тоа задоволство. Исто така, многу е важна и сексуалната комуникација со партнерот. rnrnЖената треба отворено да разговара со својот партнер за она што го сака во сексот, бидејќи тој не може да знае што најмногу ѝ одговара кога станува збор за врвот во сексуалното уживање. Верувале или не, постојат многу сексуално активно жени кои никогаш не ја допирале својата интима. А токму истражувањето на сопственото тело е најдобриот пат до оргазмот.rn
2. Зошто мокрам додека трчам?
rnИнконтиненцијата предизвикана од вежбањето кај жените не е реткост и обично ја предизвикуваат два фактори. Првата е таканаречената стресна инконтиненција, кога притисокот на абдоменот го засилува отпорот на вратот на мочниот меур и предизвикува неправилна работа на сфинктерот (затворачот) кој го контролира истекувањето на урината. А трчањето или некоја друга телесна активност (понекогаш е доволно да кивнете или да се закашлате) може лесно да предизвика попуштање на меурот и неконтролирано течење на урината. rnrnВтората голема причина може да биде преоптовареноста на меурот чии мускули се згрчени при полнењето, а тогаш би требало да бидат опуштени, што на луѓето им дава чувство на „итноста“ поради што знае да им побегне малку урина. Доколку ви се случило нешто такво во текот на некоја телесна активност, посоветувајте се со вашиот докот или уролог.rn
3. Зошто ми мирисаат нозете?
rnНеудобниот мирис на нозете главно е предизвикан од испотените стапала. Всушност, на нормалната флора на нашата кожа живее бактерија која после активирањето на потта започнува да испушта мириси. Разни видови бактерии даваат различни видови мириси и тоа е една од причините поради кои сите луѓе имаат различен мирис на нозете. rnrnРаботите може дополнително да се влошат ако личноста со интензивен мирис на пот, на пример, носи хулахопки или пак синтетички чорапи, па тоа создава прилични неудобности не само за таа личност туку и за нејзината околина. За да го спречите овој проблем, користете средства против потење односно неутрализатори за „острите“ мириси на нозете и пазувите.rn
4. Поради што сум толку надуен/а?
rnНадуеноста е честа појава и главно е безопасна, освен што предизвикува неудобност. Често ја предизвикуваат некои производи кои во нашиот дигестивен систем создаваат гасови што нè доведуваат до некои неудобни ситуации во кои попрво би пропаднале во земја од срам. Не е редок случајот надуеноста да се создаде и затоа што сме јаделе пребрзо и едноставно сме се „наголтале“ воздух. Но, постојат и некои многу посериозни фактори. rnrnНеобјаснетата надуеност може да укажува на рак на јајниците. Затоа, доколку сте ги елиминирале сите претходно наведени причини за вашето чувство на надуеност, можеби не би било лошо да посетите доктор.rnrn
rn
5. Дали е нормално да имате многу восок во ушите?
rnСмолата во ушите сама по себе не е ништо невообичаено. Сепак, за да ја спречите оваа непријатна состојба, капнувајте по 5 капки хидроген пероксид во увото. Тоа на многумина ќе им помогне да го намалат создавањето на голема количина восок и ќе им помогне при одржувањето на ушниот канал отворен. Сепак, кај зголеменото лачење на ушната смола се препорачува да се посети оториноларинголог кој би можел да ви помогне со целосно чистење на ушите.rn
6. Зошто после сексот ме болат препоните?
rnДоколку имате болни препони после сексот, причината за тоа е тоа што мускулите во тоа подрачје ви се куси и затегнати. Обидете се да вежбате со помош на кошаркарска или фудбалска топка – ставете ја меѓу колената и стискајте ја околу 30-40 пати неколку пати во неделата. Исто така, можете малку да поработите и на вежбањето на мускулите. Женскиот задник главно има таква структура која ѝ овозможува добра надворешна ротација. rnrnНекои пак имаат болки во препоните поради тоа што нивните колкови немаат добар распон на движења. Тоа е случај со традиционалната мисионерска поза кога предизвикуваме притисок на боковите, па тоа може да предизвика болка. Доколку со вежбите не можете да постигнете нешто, тогаш обратете се за помош кај вашиот физиотерапевт. А можете едноставно да испробате некоја друга поза, со тоа што ќе ја отстраните болката и ќе го зачините вашиот сексуален живот.rn
7. Зошто цревата ми се толку гласни?
rnРазните звуци кои се пробиваат од абдоменот може да бидат безопасни, меѓутоа исто така може да укажуваат и на некои малку посериозни болести. Така гласното „кркорење“ во цревата може да се однесува на интолеранција на лактоза или пак која било друга намирница (грав, кромид…). Можеби само сте испиле премногу газирани пијалаци или сте се наголтале воздух додека сте ручале.rnrnПоради брзото темпо на живот и непримерната исхрана, сѐ поголем број луѓе патат од синдром на иритативно црево, а за жал, понекогаш се открива и дека буката во цревата предизвикува и тешки заболувања како што е на пример Хроновиот синдром (воспалителна болест на цревата). Во секој случај, доколку звуците од вашиот абдомен потраат подолго од една недела, тоа е знак дека би требало да се посоветувате со доктор. Меѓутоа, најверојатно сепак не ви е ништо.