Сериозните врски не се за секого. Некои хороскопски знаци, како на пример Биковите и Рибите обожаваат долги врски, но не можат да донесат големи одлуки и целосно да му се отворат на партнерот. Некои, пак, без никаков проблем го кажуваат судбоносното „Да“. Но, постојат и хороскопски знаци кои полудуваат од самата помисла на брак. Тие ќе дадат сѐ од себе за да успее врската, но не можат да се борат против нивното чувство на страв од целосна посветеност кон една единствена личност. Во продолжение дознајте кои хороскопски знаци никако не можат да се замислат во брак…
rn
Овен
rnОвните секогаш играат според нивните правила. Ако сакате да започнете сериозна врска со Овен, мора уште на почеток да ги отворите картите. Можеби ќе ви се чини дека припадниците на овој знак не можат да се „врзат“ бидејќи не сакаат да си ја изгубат слободата, но не се работи за тоа. Најчесто, нивните партнери не можат да им го следат темпото и динамиката, па се откажуваат.rn
Близнаци
rnБлизнаците поседуваат неверојатни комуникациски вештини. Меѓутоа, тие исто така се и многу неодлучни, па таа неодлучност ја надминува нивната комуникативност и преовладува во врската. Близнаците се одлични кога станува збор за врски без обврски, бидејќи не мора да донесуваат одлуки. Но, доколку почувствуваат дека сте им се доближиле повеќе одошто треба, можат да ве остават без око да им трепне.rn
Стрелец
rnСтрелците се најсреќни кога се забавуваат со пријателите. Дури и кога се во врска, тие сакаат нештата да бидат едноставни, а не комплицирани. Ако врската тргне во посериозна насока, тие се повлекуваат по малку и во ваков случај најдобро е да не им вршите притисок, бидејќи можат да исчезнат засекогаш. Врската со Стрелец е многу интересна. На почетокот ќе мислите дека им е убаво и дека се навикнале на идејата да бидат во сериозна врска. Но, откако ќе сфатат дека сето тоа навистина се случува, ќе почнат да се враќаат на старите навики, бидејќи ќе се исплашат дека постои можност да ја изгубат слободата.rn
Водолија
rnВодолиите се најдобри кога станува збор за врски засновани на длабока поврзаност и блиски пријателства. Ќе ви биде тешко да процените што им се мота во главата на припадниците на овој знак, така што добро размислете пред да започнете нешто сериозно со нив. Дури и најмалите ситници можат да ги оддалечат. Не е важно дали сте биле заедно 6 месеци или 6 години, тие можат да се премислат кога најмалку очекувате и целосно да го сменат нивното однесување. Тоа го прават кога сѐ е како што треба во врската и не знаат како да реагираат. Никогаш нема да дознаете што точно се случило и каде сте погрешиле.
Во продолжение прочитајте кои хороскопски знаци никогаш не би требало да бидат во врска.

