Ниска самодоверба, пофалби, личен простор: Што сѐ треба да знаете за мажите?

Ниска самодоверба, пофалби, личен простор: Што сѐ треба да знаете за мажите?

Сигурно веќе многупати сте слушнале дела мажите се од Марс, а жените од Венера и понекогаш тоа навистина изгледа така. Научно е докажано дека жените и мажите немаат ист мозок, што може да биде причината за многу различни начини на однесување и размислување. Иако однесувањето на секоја личност е покомплексно од неколку совети, тие секако може да ви помогнат во разбирање на некои основни начини на однесување и на размислување кои се карактеристични за некој пол. Еве, што поголемиот дел од мажите сакаат и на кој начин размислуваат.

1-niska-samodoverba-pofalbi-lichen-prostor-shto-sѐ-treba-da-znaete-za-mazhite-www,kafepauza.mk_

1. За нив делата вредат повеќе од зборовите

Поголемиот дел од мажите едноставно не можат да предвидат што сака жената, дури и по неколку години познавање и врска. Поголемиот дел од нив едноставно го немаат тој инстинкт. За жал, на мажите сѐ треба да им се каже јасно и гласно, без двоумење и суптилни знаци. Оние кои очекуваат дека ќе се случи чудо и дека мажот одеднаш ќе започне да ги чита нивните знаци, најчесто остануваат разочарани.

2. Сакаат да бидат почитувани

Не велиме дека не е исто и со жените, но во природата на нивното постоење е луѓето да ги сакаат и да им се восхитуваат. Посебно ценат кога нивната партнерка во друштвото зборува позитивно за нив и ги фали. Во спротивно, може да дојде до проблеми.

3. Несигурни се

Иако поголемиот дел од мажите се обидуваат да не остават впечаток на несигурност, тие и тоа како се несигурни во својата улога и во сите аспекти од животот, без разлика дали станува збор за нивната работа, за партнерот или за улогата на сопруг или татко. Тоа ги прави ранливи. Сакаат кога сопругата или партнерката ги охрабрува и истакнува дека ги цени нивните напори, односно да им се потврдува дека се добри во „работата“ што ја извршуваат. Иако овој начин на признавање и охрабрување не е секогаш поврзан со полот, изгледа дека мажите немаат толку голема самодоверба како што изгледа.

4. Не бараат да изгледате совршено

Не треба секогаш да изгледате како славна ѕвезда за мажот да ве сака и да му бидете привлечни. Ако ве сака, тој ќе ве сака и во вечерна тоалета и во искината тренерка. Немојте поради него да го менувате вашиот изглед, бидете свои, бидејќи тој треба да ја сака вашата внатрешна убавина. Секако, секогаш е убаво одвреме-навреме да се дотерате и да облечете нешто убаво, но тоа не значи дека тоа треба да стане секојдневие.

2-niska-samodoverba-pofalbi-lichen-prostor-shto-sѐ-treba-da-znaete-za-mazhite-www,kafepauza.mk_

5. Потребен им е простор

Дури и кога сте во врска или во брак, потребен ви е простор само за себе, но некако изгледа дека за мажите тоа е задолжително. Тоа не значи дека ве сака помалку или дека има некои скриени намери, туку дека едноставно му е потребно време кое ќе го помине со себе. Дали тоа ќе биде во друштво со пријателите или занимавајќи се со некое хоби, тоа е сосема индивидуална работа.

6. Селективно слушаат

Занимливо е што кај мажите се појавува синдром на селективно слушање секојпат кога партнерката бара нешто од нив или уште повеќе, кога таа има некој приговор. Шега на страна, факт е дека поголемиот дел од мажите имаат проблеми со концентрацијата околу работите кои не ги интересираат, што може да биде доста фрустрирачко.

7. Сексот може да им биде само физички контакт

Додека за поголемиот дел од жените сексот не е само физички, туку и емоционален, за мажите тоа не е случај. Всушност, тие и тоа како се способни без емоционално врзување да стапат во сексуални односи, но исто така, кога се во емоционално задоволувачка врска и во сексот ги вклучуваат своите емоции.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар