Раскинувањата се болни и сите се справуваме со нив на различен начин. Некои луѓе целосно ги бришат бившите од нивниот живот, додека, пак, други ја прекинуваат врската со гласни караници, бурни емоции и горчина. Постојат поединци кои раскинуваат со зрел разговор, на мирен начин и успеваат да ги задржат пријателските односи со поранешниот партнер. Со други зборови, раскинувањата можеме да ги поделиме на добри и лоши. Па така и хороскопските знаци имаат свои начини на справување со прекинот на врската.rnrn
rnrnОвој пат нема да им обрнеме внимание на оние кои раскинуваат по мирен пат, туку ќе се сконцентрираме на другите. Прочитајте кои хороскопски парови поминуваат низ најболни и најлоши раскинувања…rn
Овен и Бик
rnОвие хороскопски знаци уште од самиот почеток се лоша комбинација и затоа лошото раскинување е речиси неизбежно. Најчесто Овенот ја прекинува врската, бидејќи лесно му станува здодевно и кога ќе почувствува дека му треба промена, тој едноставно продолжува понатаму. Но, за Бикот работите се малку поинакви. На Биковите им треба многу време за да ѝ се препуштат на врската и тие нема да си заминат без огромна караница. Со оглед на тоа што Биковите се тврдоглави, а Овните не отстапуваат од нивниот став, кога ќе дојдат до конфликт никако нема да можат да пронајдат заеднички јазик.rnrnОвните се познати по лошиот темперамент и лутината ја изразуваат без никаква задршка. Тие уживаат во драмата и во енергијата која се создава во жестоката караница, што не се однесува и на Биковите. Големи се шансите дека Овните ќе посакаат да се смират со нивниот партнер по извесно време, но ако чекаат премногу долго, Биковите нема да сакаат да им се вратат.rn
Лав и Скорпија
rnРаскинувањето меѓу Лавот и Скорпијата лесно може да премине во битка помеѓу нивните ега. И двајцата се многу страсни, така што крајот на врската со сигурност ќе биде интензивен и болен. Припадниците и на двата знака сакаат да контролираат и многу се егоцентрични. Скорпијата можеби ќе се обиде да ги потисне емоциите, но порано или подоцна тие емоции ќе експлодираат и ќе го уништат Лавот.rnrnКога Скорпиите се повредени, тие напаѓаат на различни начини кои вклучуваат навреди и одмазда. Лавовите иако се моќни, тие имаат чувствителна страна и ќе се убедат себеси дека раскинувањето треба да заврши на природен начин. Лавовите треба многу да внимаваат, бидејќи ако повредат Скорпија, и таа ќе најде начин да ги повреди без разлика колку време ќе треба да чека за да ѝ се укаже прилика да го направи тоа.rnrn
rn
Близнаци и Стрелец
rnРаскинувањето помеѓу овие два знака нема да биде комплетно без војна од зборови. Навистина е чудно кога овие знаци ќе започнат врска заедно, бидејќи и двата имаат проблеми со врзувањето и сакаат да бидат слободни. Близнаците и Стрелците имаат многу заеднички работи, затоа што сакаат да зборуваат, да пробуваат нови работи, да се дружат и да ги изразуваат нивните идеи. Но, кога нештата ќе тргнат наопаку и двајцата гледаат да избегаат што е можно побрзо.rnrnБлизнаците и Стрелците обично решаваат да го игнорираат огромниот слон во просторијата и го одбегнуваат раскинувањето или го прават тоа преку кратка порака, имејл и телефонски разговор. Со оглед на тоа што комуникацијата се одвива преку некаков технолошки уред а не во живо, тие чувствуваат слобода да кажат што ќе им дојде на памет и нештата знаат да станат брутални. И двата хороскопски знака „сечат“ со зборови, така што нивните раскинувања се болни, жестоки и сурови.rn
Рак и речиси сите останати
rnРаковите се многу чувствителни и тие сакаат со целото нивно битие, така што не е ни чудно што секое можно раскинување им паѓа тешко. Тие се чувствуваат предадени ако саканата личност им раскинала, а виновни ако тие биле иницијатори на раскинувањето. Дури и ако двајцата се согласиле дека треба да раскинат, нивните чувства ќе бидат силни и интензивни.rnrnНа Раковите им е многу тешко да преболат и да продолжат понатаму. Тие секогаш ќе се надеваат дека ќе се смират со партнерот. Со часови ќе ја анализираат врската од почеток до крај, ќе се обидуваат да сфатат каде погрешиле, што можеле да направат и како нивните партнери би требало да реагираат. Тоа само ја влошува нивната емоционална состојба. Раковите се одлични партнери и затоа немојте да си играте со нивните срца. Раскинувањата со нив секогаш ќе бидат проследени со многу викање, солзи и бурни реакции.rnrn
rn
Вага и Јарец
rnЈарците се многу посветени на врските и тешко им е да продолжат понатаму, додека, пак, Вагите лесно вртат нов лист. Тоа создава проблематична динамика меѓу двата знака. Јарците не можат да разберат како Вагите толку лесно забораваат на нивните сакани и тоа ќе ги натера уште повеќе да се борат за врската. Вагите не сакаат конфликти, но ако немаат друг избор ќе нападнат со сета нивна сила.rnrnЈарците само сакаат да ги поправат несогласувањата што настанале во врската и подготвени се да направат сѐ што можат за да ја спасат врската. Кога Јарците ќе наумат нешто, нема шанси да се откажат, а тоа не оди добро во комбинација со хармоничната и безгрижна Вага. Колку поодлучен ќе станува Јарецот толку повеќе ќе се труди да ја задржи врската, а Вагата нема да може да го поднесе и ќе гледа да се ослободи од неговите „канџи“ на секаков можен начин.rn
Девица и Риби
rnКога луѓе со спротивни карактери раскинуваат, нештата знаат да станат многу хаотични. Рибите се чувствителни идеалисти, додека, пак Девиците се приземни критичари. Девиците не сакаат раскинувањето да остави негативни последици кај никого, а тука спаѓаат и нивните пријатели и семејство.rnrnДевиците ќе се обидат да прекинат на смирен и разумен начин, но Рибите нема да можат да ги контролираат емоциите. Тие реагираат премногу бурно кога личноста што ја љубат сака да раскине со нив. Тоа може да доведе до голема депресија и самоуништување. Девиците нема да ја прекинат врската доколку не постои добра причина за тоа и ќе се обидат да ги поправат работите, но ако не може ништо да се направи во врска со тоа, тие нема да се преправаат дека сѐ е во ред. Рибите го толкуваат таквиот став за раскинувањата како негрижа и суровост што на Девиците им набива огромна грижа на совест. Колку и да се трудат, раскинувањето помеѓу Рибите и Девиците е болно за сите засегнати.rnrnВо продолжение дознајте кои 3 жестоки астро парови ќе ги преживеат сите бродоломи.