Многумина го знаат онаа непријатно чувство кога ќе сфатат дека некој манипулира со нив. Со оглед на тоа дека емоционалното влијание може да биде моќна алатка, некои луѓе активно го користат, (не)свесни за последиците што ги предизвикува. Тоа е и причината поради која денес со вас ги споделуваме 8-те знаци кои ќе ви помогнат да препознаете дали сте фатени во замката на емоционален манипулатор.rnrn
rn
1. Ви ги нарушуваат верата и здравиот разум
rnЕмоционалните манипулатори се неверојатно талентирани лажговци. Тие ќе ве уверат дека не направиле ништо, иако вие со сопствените очи сте ги виделе, или пак ќе тврдат дека кажале нешто, за кое вие сте сигурни дека не е така. Најлошото од сѐ е тоа што тие толку добро лажат што ќе започнете да се сомневате во вашата сопствена пресуда. За да ја решите расправијата, ќе си кажете дека проблемот е само во вашата глава, а тоа е нивниот омилен начин на победа.rn
2. Нивните дела се контрадикторни на нивните зборови
rnЕмоционалните манипулатори ќе го кажат она што личноста сака да го слушне, но нивните постапки се сосема друга приказна. Тие тврдат дека секогаш ќе бидат тука кога ќе ви затреба помош, но кога ќе дојде време за да се направи кажаното, глумат дека вашите барања се неразумни.rn
3. Го злоупотребуваат вашето чувство на вина
rnЕмоционалните манипулатори ќе го искористат вашето чувство за вина во нивна корист. Кога ќе им ги кажете вашите неволји, ќе почувствувате вина за тоа што го мачите со вашите проблеми, а ако не им ги кажете, повторно се грижите, бидејќи се борите со чувството дека премолчувате нешто важно. Манипулаторите ќе ве уверат дека сѐ што правите е погрешно и дека сите проблеми кои ги имате самите сте ги заслужиле.rn
4. Се преправаат дека се жртви
rnЕмоционалните манипулатори никогаш не се криви за ништо. Без разлика на тоа што тие прават лошо, секогаш некој друг им е крив, а тоа најверојатно сте вие. Ако сте лути или тажни, тоа се вашите нереални очекувања; ако е манипулаторот растажен, повторно вие сте криви за неговото однесување. Емоционалните манипулатори никогаш не ја преземаат одговорноста.rnrn
rn
5. Постојано ги забрзуваат работите
rnБез разлика дали станува збор за работна или за лична работа, манипулаторите секогаш брзаат некаде нанапред. Тие ги споделуваат важните вести пребрзо и истото го очекуваат и од вас. Тие делуваат ранливо и чувствително, но тоа е замка за вие покрај нив да се чувствувате посебно и да им станете блиски. Ќе почнете да се чувствувате лошо поради нив, а како резултат на тоа, ќе ја преземете одговорноста за нивната емоционална состојба.rn
6. Бараат помош само за подоцна да глумат маченици
rnНивната иницијална желба за помош, брзо ќе се претвори во кукање, приговарање околу работата, воздишки. Целта на ова е вие да започнете да се чувствувате како нешто им должите.rn
7. Секогаш ќе се чувствуваат полошо од вас
rnБез разлика на тешкотиите кои ги споделувате со манипулаторите, тие секогаш ќе кажат дека ним им е уште полошо. Тие никогаш нема да заборават да ви споменат дека нивните проблеми се многу полоши од вашите, па затоа немате причина да се жалите за истите.rn
8. Ги познаваат вашите слабости и ги користат против вас
rnАко не ви се допаѓа вашата моментална тежина, тие секогаш ќе пронајдат забелешка за вашата исхрана или облека. Ако сте загрижени околу презентацијата на одреден проект, тие ќе се обидат да ве исплашат уште повеќе. Манипулаторите читаат сечии емоции доста лесно, но само тие ја користат оваа вештина за да ја контролираат личноста и да направат да се чувствува полошо.rnrnЕмоционалните манипулатори може да ве излудат со нивното ирационално однесување. Не обидувајте се да победите во нивната игра. Едноставно емоционално и физички оддалечете се и не дозволувајте никогаш повторно да паднете во нивната замка.