Ако сакате да промените нешто, тргнете од себе: 13 мудрости за потешкотиите во животот

Сподели

Сите сме поминале некогаш низ тежок период во животот. Но, факт е дека некои луѓе подобро се соочуваат со животните предизвици за разлика од другите. Каде лежи нивната тајна? Експертите веруваат дека сѐ зависи од вашиот став кон она што ви се случува. Имајте ги на ум следниве 13 совети кога ќе наидете на големи пречки на патот и ќе посакате да се откажете…

Реклама

rn

1. Тоа е-што е

rnПостои една позната будистичка изрека која гласи: „Вашиот отпор е она што лежи во коренот на вашето страдање“. Тоа значи дека страдаме тогаш кога одбиваме да прифатиме како стојат работите. Ако можете да промените нешто, направете го тоа. Но, ако не можете ништо да направите, тогаш имате само две опции: Прифатете ја ситуацијата и ослободете се од негативните емоции или страдајте долг период.rn

2. Проблемот е проблем само кога мислите дека е проблем

rnЧестопати ние самите сме си најголемите непријатели. Среќата зависи од погледот кон работите. Ако самите си создадете проблем, ќе бидете полни со негативни емоции и мисли. Но, ако наместо тоа помислите на лекциите што можете да ги научите од ситуацијата во која се наоѓате, одеднаш ќе ви се чини дека не постои вистински проблем.rn

3. Ако сакате да промените нешто, тргнете од себе

rnРаботите со кои се соочувате во надворешниот свет се одраз на вашите чувства и ставови однатре. Сигурно познавате луѓе чии животи се хаотични и стресни. Мислите дека сето тоа е случајно? Ние обично мислиме дека промената на околностите има влијание на нас. Но, се случува токму спротивното: Кога ние се менуваме однатре, тогаш се менуваат и нашите околности.rn

4. Не постои неуспех. Сѐ што се случува нуди можност за учење нови работи

rnВреме е да го исфрлите зборот „неуспех“ од вашиот речник. Сите историски личности кои постигнале нешто значајно, доживеале многу несреќи пред да го дочекаат успехот.rn

„Ниту еднаш не сум доживеал неуспех додека се обидував да ја измислам сијалицата. Открив 99 различни начини на кои таа не функционираше.“ – Томас Едисон

rnНаучете нешто од вашите таканаречени неуспеси. На тој начин ќе научите како да ги исправите грешките и да станете подобри.

rn

5. Ако не сте го добиле она што сте го сакале, тоа значи дека нешто подобро ве чека понатаму на патот

rnПонекогаш тешко е да се поверува во ова, но вистина е. Ако се сетите на кој било период од вашиот живот, веројатно ќе забележите дека сите добри работи ви се случиле дури откако нештата тргнале наопаку. Можеби не сте ја добиле работата што сте ја посакувале за да можете да останете со вашето семејство. Верувајте дека сѐ се случува со причина.rn

6. Ценете ја сегашноста

rnСекој момент од вашиот живот е драгоцен и никогаш нема да добиете втора шанса одново да го преживеете. Немојте да го пропуштите! Сеќавањата ќе ви останат засекогаш. Можеби еден ден ќе чувствувате носталгија поради сите оние мигови во кои сте ја пропуштиле забавата.rn

7. Ослободете ги вашите желби

rnПоголемиот дел од луѓето живеат во ментална состојба која психолозите ја нарекуваат „врзан ум“. Тоа значи дека му придаваат големо значење на остварувањето на нивните желби, а кога нема да го добијат она што го сакаат, негативните мисли завладуваат со нивниот ум. Многу е подобро да имате „слободен ум“. Тогаш ќе бидете среќни без разлика дали сте го добиле она што сте го сакале или не. Во ваков случај, емоционалната состојба е или неутрална или позитивна, но никогаш негативна.rn

8. Разберете ги вашите стравови и бидете благодарни за нив

rnСтравот може да биде прекрасен учител. Ако ги совладате вашите стравови, ќе можете да ѝ се приближите на победата. На пример, доколку имате страв од јавно говорење, гледајте што е можно почесто да се ставате себеси во такви ситуации. Ви треба само вежбање за да ги совладате вашите стравови. Стравот е илузија.

rn

9. Дозволете си себеси да почувствувате радост

rnВерувале или не, постојат премногу луѓе кои никогаш не си дозволуваат да се забавуваат. Тие не знаат како да бидат среќни. Некои од нив се толку многу сконцентрирани на сопствените проблеми и хаотични мисли што немаат поим како да живеат без сите тие негативни делови од нивната личност. Обидете се да пронаоѓате забава во што и да правите. Многу е важно да обрнете внимание на среќата, а не на потешкотиите.rn

10 Немојте да се споредувате со другите

rnАко веќе морате да се споредувате со некого, тоа би требало да го правите само со луѓето кои се полоши од вас. Не функционира така? Тогаш бидете благодарни што ги имате работите кои се потребни за живот. Голем дел од луѓето ширум светот немаат апсолутно ништо. Депресивни сте поради вашиот изглед? Повеќето луѓе не се супер модели, а постои голема веројатност дека сте попривлечни од многу други. Сосредоточете се на тоа.rn

11. Не сте жртви

rnЖртви сте само на сопствените мисли, зборови и дела. Самите сте одговорни за сопствените искуства. Прифатете ја одговорноста и сфатете дека можете да ги совладате сите пречки кои ќе ви се најдат на патот. Почнете со тоа што ќе ги прилагодите вашите мисли и начинот на кој дејствувате. Отфрлете го мислењето дека сте жртви и станете победници.rn

12. Можете да промените сѐ што ќе посакате

rnСѐ ќе помине. Нормално е тоа што кога ќе ви се случи нешто лошо, мислите дека нема излез. Мислите дека никогаш ништо нема да се промени. Но, знаете што? Ништо не трае вечно! Отфрлете го размислувањето дека сте заглавени, бидејќи не сте. Меѓутоа, мора да преземете нешто за да ја промените ситуацијата, бидејќи таа нема да се реши сама магично.rn

13. Сѐ е возможно

rnСекој ден се случуваат чуда. Можеби тешко ви е да поверувате во тоа, но постојат толку многу позитивни работи кои им се случуваат на обичните луѓе како што сте вие. Кога ќе станете свесни за ова, ќе можете да ги добиете сите животни битки.

Прочитајте ги и овие 7 позитивни животни совети кои ќе ви ја подобрат сегашноста.

Популарно

Може ќе ве интересира