КАФЕ ПАУЗА

До сите сингл девојки и момци: Новото љубовно правило е дека нема правила!

До сите сингл девојки и момци: Новото љубовно правило е дека нема правила!

Не треба да се плашите од сингл животот како што се плашите од неотворените сметки и полноќните повици. Треба да се сакате себеси и да станете свесни дека никогаш не сте сосема сами. Сингл животот може да биде навистина прекрасен!rnrnДо сите сингл девојки и момци: Новото љубовно правило е дека нема правила!rnrnДобредојдовте во 2017 година каде што сингл луѓето не се општествени отпадници! Вашиот сингл статус е знак за тоа дека сте се посветиле на личниот развој и дека сте сакале да дознаете кои сте пред да започнете сериозна врска.rnrnВие сте неверојатни токму такви какви што сте и заслужувате да имате време за себе. Правете го она што ви носи среќа, без разлика дали тоа подразбира јадење чипс по цели денови или непланирано патување со вашето друштво. Поминувајте ги викендите во излегувања до раните утрински часови или останете дома со шише вино и маска на лицето. Изборот е ваш!rnrnОва е ваш живот и можете да правите што сакате! Заборавете на сите глупави љубовни правила поврзани со тоа како треба да разговарате со симпатија, кога смеете да спиете заедно за прв пат, колку долго треба да чекате пред да вратите на пораката… Заборавете и на сите животни правила. Никој не може да ви каже како треба да го водите вашиот живот.rnrnИскористете го сингл периодот за да станете најсреќната и најисполнетата верзија од себеси. Не плашете се од тоа дека ќе пропуштите нешто. Излегувајте на љубовни состаноци со кого сакате и поминувајте колку време сакате на социјалните мрежи.rnrnСингл животот треба да ве научи сериозно да се сфаќате себеси и вашите потреби. Треба да сфатите дека имате право да одбиете нечија покана без никакво објаснување и да се ослободите од токсичните луѓе во вашиот живот еднаш засекогаш. Треба да верувате во тоа дека можете самите да се направите среќни.rnrnСтатусот сингл нема да ви помогне да доживеете некоја огромна трансформација и не треба да трагате по туѓото одобрување. Статусот сингл треба да ви докаже дека отсекогаш сте биле способни човечки суштества кои можеле да постигнат сѐ што ќе посакаат.rnrnЖивејте според сопствени правила наместо да следите некои застарени принципи што би требало да го одредат вашиот начин на живот.rnrnДоколку сепак ви треба некаков водич за справување со љубовните предизвици, прочитајте ги следниве љубовни правила за новото доба кои не ви ги кажала мајка ви.