5 цврсти докази дека луѓето ве земаат здраво за готово
Сите ние сме почувствувале барем еднаш во животот дека нашите најблиски не нѐ ценат доволно и не се трудат околу нашиот однос. Ова особено важи за луѓето со кои сме во љубовна врска. Во продолжение прочитајте ги 5-те цврсти докази дека другите ве земаат здраво за готово…
1. Другите ја искористуваат вашата добрина
Луѓето кои нѐ земаат здраво за готово навикнати се секогаш да им бидеме на располагање и да постапуваме онака како што ним им одговара. Со текот на времето тие почнуваат да ја искористуваат нашата добрина и притоа не размислуваат дали ни наштетуваат. Во љубовните врски тоа се одразува на таков начин што партнерот станува потполно сигурен во вашата љубов и во фактот дека нема да го оставите, па престанува да се труди околу врската. Тој навикнал на помислата дека вие треба да го вложувате сиот труд. Партнерот знае дека вие сте секогаш тука за него и дека не знаете да му кажете „Не“.
2. Не ви е возвратено она што го давате
Постои една мудра изрека која гласи: „Не размислувајте за тоа што другите направиле за вас, туку за тоа што вие сте направиле за нив.“ Оваа изрека треба да се почитува и следи во животот, но и во овој случај треба да препознаете кога давате, а не добивате ништо. Луѓето кои ви се блиски треба да ги ценат вашите добри особини и да ви возвраќаат со иста мера. Треба да се стремат кон тоа вашиот однос да биде што е можно подобар и поквалитетен. Секој меѓучовечки однос е двонасочна улица: Потребно е и двајцата подеднакво да вложуваат труд за да успее врската.
3. За нив важат едни правила, а за вас други
Имате направено илјада добри работи и потоа доволно е еднаш да згрешите за да ги налутите вашите блиски. Тоа е јасен знак дека ве земаат здраво за готово. Тие навикнале на помислата дека секогаш постапувате правилно и вам грешките не ви се дозволени, додека, пак тие можат да грешат. Нереално е да се очекува од некого никогаш да не погреши и затоа не смеете да се чувствувате лошо поради вашите ненамерни грешки.
4. Го игнорираат вашето присуство
Некоја ваша пријателка ве поканила на вечерно излегување, но кога сте дошле, таа била во друштво со други пријатели, ви го свртела грбот и разговарала со сите освен со вас. Тоа е сигурен знак дека ве зема здраво за готово и дека ја игнорира вашата добрина. Задржете го достоинството и одбегнувајте ги таквите дружења. Објаснете ѝ на пријателката дека не се чувствувате пријатно во таквото опкружување.
5. Никогаш не иницираат средба
Никој не е толку зафатен што не може да најде време да ви се јави. Не постои правило за тоа кој треба да се јавува прв, но пријателите кои никогаш не иницираат контакт со вас и чекаат вие да ги побарате најверојатно ве земаат здраво за готово, бидејќи се сигурни дека вие ќе им се јавите. Размислете што би се случило доколку не се јавите први. Дали таа личност би ви се јавила некогаш или тоа би било крај на пријателството? Дали само вие го одржувате пријателството во живот? Ако одговоривте потврдно, тогаш тоа пријателство не вреди за трудот. Заслужувате подобро.
Доколку се пронајдовте во овие ситуации, размислете добро дали ви требаат вакви луѓе во животот. Ослободете се од токсичните личности и посветете го вашето време и енергија на луѓето кои навистина ве ценат.
Прочитајте ги и овие 10 знаци дека вашиот љубовен партнер манипулира со вас.