Силните девојки се одмаздуваат на тој начин што заминуваат без да се свртат назад

Силните девојки се одмаздуваат на тој начин што заминуваат без да се свртат назад

Многу жени кои размислуваат да ја прекинат несреќната љубовна врска се силни на зборови, но слаби на дела. Ќе ги соберат пријателките и со чаша вино во рака ќе почнат да објаснуваат дека заслужуваат подобро и дека немаат намера да толерираат нечие лошо однесување. Понесени од моментот, тие донесуваат одлука дека што е многу, многу е. Понекогаш, дури и ќе ја испратат судбоносната порака со соопштување дека тие решиле да ја прекинат врската.

Силните девојки се одмаздуваат на тој начин што заминуваат без да се свртат назад

Но, по доаѓањето на зората, тие се премислуваат и ги полудуваат пријателките и партнерот со нивното променливо однесување. Неодлучните девојки не се воопшто привлечни. По некое време, оваа неодлучност ќе му здодее на партнерот и тој ќе стави крај на врската. Тогаш девојките уште повеќе очајуваат, бидејќи сакале тие да ја донесат конечната одлука за раскинување.

Емоциите ја заматуваат рационалната проценка и го прелажуваат логичниот начин на размислување. Иако знаете дека не треба да бидете со маж кој постојано ги откажува вашите планови, едноставно не можете да му одолеете кога ненајавено ќе ви се појави пред врата со букет рози. Исто како на филмовите.

Силните жени научиле како да ги тргнат чувствата настрана. Тие си го замолчуваат срцето за момент и се обидуваат да сфатат дали го добиваат она што го сакаат и заслужуваат од врската. Ако сте емотивни по природа, ова може да ви биде многу тешко. Токму затоа, добро е да имате пријател покрај себе.

Ви треба човек кој ќе може да ги сослуша сите ваши луди планови и нерационални размислувања и да ви одговори на логичен начин. Оваа личност ќе ви помогне да ја прекинете врската, но и ќе ве спречи да му се вратите на бившиот во моменти на слабост. Освен тоа, таа ќе ве разубеди од сите ваши непромислени одлуки да направите некоја лудост и да се одмаздите на начин кој не ви доликува. Со други зборови, оваа личност ќе ви помогне да си го зачувате достоинството. Добро е да имате ваков човек покрај себе, но крајната одлука сепак останува само на вас. Луѓето обично го прават тоа што ќе го наумат, без разлика што им велат другите.

Но, пред да соберете доволно сила самите да го преземете најголемиот чекор и да го напуштите дечкото кој не ве заслужува, секогаш можете да им се обратите на луѓето кои ве ценат и сакаат. Тие ќе ви помогнат да научите како да се справите со ваквите навидум безизлезни ситуации во иднина. Тие ќе ви помогнат да се претворите во силна девојка која може да си замине без да се сврти назад.

Доколку размислувате да ја прекинете на врската, ова се 11-те прашања кои треба да си ги поставите пред да му раскинете на добриот дечко кој ве сака.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар