Урнебесни и саркастични цитати кои ќе ви докажат дека жените владеат со светот

Урнебесни и саркастични цитати кои ќе ви докажат дека жените владеат со светот

Жените со векови се бореле за да излезат од домот и да бидат прифатени во деловниот свет. Без разлика дали држат презентација или кажуваат шега, жените постојано се соочуваат со дискриминација и упорно мораат да се докажуваат за да ги срушат стереотипите, како на пример тој дека дамите немаат смисла за хумор. Мудрите и способни жени како Џејн Остин и Дороти Паркер ги поставиле темелите на женската независност, а денес Елен Деџенерис постојано докажува дека и жените знаат да се шегуваат. Прочитајте ги следните урнебесни и саркастични цитати кои ќе ви докажат дека жените владеат со светот…

Урнебесни и саркастични цитати кои ќе ви докажат дека жените владеат со светот

„Престанете да им велите на девојчињата дека можат да бидат сѐ што ќе посакаат кога ќе пораснат. Мислам дека тоа е грешка. Не затоа што не можат, туку затоа што никогаш не би им паднало на памет дека не можат.“ – Сара Силвермен

„Ако не ви преостанува ништо друго, сетете се на најважното правило за убавина: Кому му е гајле?“ – Тина Феј

„Живејте го животот така што кога ќе добиете признание за вашите достигнувања, луѓето да можат да ви дадат искрени пофалби. Во спротивно, сите нивни зборови и реченици може да се сметаат за алтернативни факти или што е уште полошо, лажни вести.“ – Лили Томлин

„Јас само не сакам да бидам попречена од сопствените ограничувања.“ – Барбара Стрејсенд

„Кога некоја жена треба да биде горда на себе, таа размислува на следниот начин: ’Треба да ослабам 3 килограми’, ’Зошто не сум повисока и зошто немам пополни усни?’. Каде е крајот? Наместо тоа, треба да си каже: ’Сѐ е во ред. Јас сум присутна во моментов и тоа е супер. Имам поважни работи за кои треба да размислувам.’“ – Мелиса МекКарти

„Според мене, најхраброто нешто што некој може да го направи е прв да ја бакне саканата личност.“ – Џанин Гарофало

„Кога бев млада, правев сѐ што можам за да му угодам на саканиот. Се менував така како што ги менував момчињата, за да се вклопам во нивните теории. Но, сега ги знам нештата што ги знам и ги правам нештата што ги правам. Ако не ви се допаѓам таква, можете да одите по ѓаволите.“ – Дороти Паркер

Урнебесни и саркастични цитати кои ќе ви докажат дека жените владеат со светот

„Следете ја вашата страст. Останете доследни на себеси. Никогаш не следете ги туѓите патишта, освен ако не сте изгубени во шума и одеднаш видите некој пат. Тогаш, по секоја цена треба да тргнете по него.“ – Елен Деџенерис

„Правете го она што вашето срце ви вели дека е правилно, бидејќи секако ќе се најде некој што ќе ве критикува.“ – Елеонор Рузвелт

„На жената ѝ треба маж исто колку што на рибата ѝ треба велосипед.“ – Ирина Дан

„Ве предизвикувам сите, особено денес во овие времиња на хаос и војни, да се сакате себеси без никакво двоумење и да се сакате меѓусебно без никаква контрола. Освен ако не носите кожа.“ – Маргарет Чо

„Прекари за мојата вагина: Женска градина. Ху ху. Хи хи. Ха ха. Оддел на ентериер. Таа-чие-име-не-треба-да-се-споменува. Место каде што си ги чувам клучевите. Одајата на тајните. Кањонот на хероите. Клубот на Сем.“ – Саманта Би

„Ако кажам ’Да’, тоа не значи дека не знам да кажам ’Не’ и ако кажам ’Те молам’, тоа не значи дека чекам дозвола.“ – Ејми Похлер


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар