Љубовта не е сурова: Луѓето самите се повредуваат и си го кршат срцето

Љубовта не е сурова: Луѓето самите се повредуваат и си го кршат срцето

Љубовта е трпелива и добра. Љубовта не полудува кога вашиот поранешен партнер ќе ви коментира на селфито. Љубовта не е таа што е неразумна, туку вашата несигурност. Мора да преземеме одговорност за сопствените постапки. Сепак, некаде по патот на нашите романтични авантури, честопати знаеме да ги помешаме работите.

Љубовта не е сурова: Луѓето самите се повредуваат и си го кршат срцето

Ја дефинираме љубовта на начин на кој нѐ збунува. Ја обвинуваме љубовта за нашата болка и скршеното срце. Од страв ја уништуваме секоја можност за успешна и среќна врска. Живееме со мислењето дека сите ќе нѐ повредат и потоа се прашуваме зошто навистина секогаш завршуваме повредени.

Ние самите сме си нашиот најголем непријател. Ние самите си го кршиме срцето поради начинот на кој ја дефинираме љубовта. Тоа го правиме секогаш кога ги игнорираме знаците на предупредување и започнуваме врска со луѓе кои знаеме дека не ни одговараат. Тоа го правиме така што ги саботираме врските со луѓето кои навистина се грижат за нас. Сакаме ние да повредиме први, пред да нѐ повредат нас. Вината ја префрламе на сите освен на тие што треба: На нас самите.

Точно е тоа дека ќе се појават луѓе кои ќе ви го скршат срцето и вистина е дека нема го поминете љубовното патешествие без ниту една рана и лузна. Но, ако почнеме да преземаме поголема одговорност за нашите љубовни животи, ќе сфатиме дека контролата е во наши раце.

Не можеме да одбереме кој ќе ни го привлече вниманието и во кого ќе се вљубиме, но можеме да го одбереме типот на личноста со која вреди да се приврземе. Можеме да кренеме слушалка и да ја прифатиме поканата за љубовен состанок или можеме да ги игнорираме сите наши инстинкти и да побегнеме. Можеме да заборавиме на нашите критериуми или пак да се придржуваме до нив. Можеме да се сакаме најпрво себеси или пак целосно да заборавиме на нашите потреби.

Љубовта не е сурова сама по себе. Ние сме само збунети и ја мешаме со нашите несигурности и стравови. Сме изгубиле верба дека нештата можат да тргнат на подобро. Одбиваме да ја согледаме светлата страна на сето она што ни се случува и ги забораваме лекциите што сме ги научиле од грешките во минатото.

Кога ќе успеете да го промените начинот на размислување, ќе сфатите дека проблемот не лежи во љубовта туку во вас самите.

Во продолжение прочитајте зошто не треба да барате љубов, туку да бидете љубов.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар