КАФЕ ПАУЗА

Подгответе се за филмски маратон: Пуканки со вкус на пица!

Ако се прашуваме ние, би јаделе пица секојдневно во секој оброк. Но, бидејќи е малку тешко да сместите голема Маргарита со екстра кашкавал во чантата, при влегување во кино, ние пронајдовме одлично решение за тој проблем. Ви ги претставуваме ултимативните „кралици“ на сите грицки: Пуканки со вкус на пица!rnrn1-pukanki-so-vkus-na-pica-ultimativno-najdobra-nova-ideja-za-vkusni-gricki-www.kafepauza.mk_rn

Потребни состојки:

rn

    rn011

  • Пуканки (однапред подготвени)
  • rn011

  • 3 супени лажици сос од домати
  • rn011

  • 2 супени лажици растопен путер
  • rn011

  • Додатоци по ваш избор – оригано, босилек, магданос, лук, феферони, сол, пармезан, моцарела…
  • rn

rn

Подготовка:

rnЗагрејте ја печката на 120 степени. Рамномерно ставете ги веќе испуканите пуканки во садот за печење, обложен со хартија за печење, а потоа измешајте ги сите останати состојки (освен кашкавалот) во посебен сад. Слободно испробајте го сосот сѐ додека не ви се допадне вкусот, а потоа прелијте го преку пуканките. Ставете ги во рерна на околу 10-тина минути, а потоа веднаш уживајте во пуканките со вкус на пица додека се свежи. Ако сакате, на крајот посипете ги со пармезан или додајте моцарела на врвот.rnrn2-pukanki-so-vkus-na-pica-ultimativno-najdobra-nova-ideja-za-vkusni-gricki-www.kafepauza.mk_