Тест: Изберете кристал и дознајте што треба да промените во вашиот живот

Тест: Изберете кристал и дознајте што треба да промените во вашиот живот

Погледнете ги внимателно кристалите прикажани на оваа фотографија и изберете го оној кој најмногу ви го привлекува вниманието. Не избирајте според онаа боја која најмногу ви се допаѓа, туку водете се според инстинктот. Вашиот избор ќе ви открие што треба да промените во животот.

Тест: Изберете кристал и дознајте што треба да промените во вашиот живот

1. Син хаулит

Кај вас има проблем со комуникацијата, отвореното изразување на мислите и чувствата, вистинското соочување со сопствените емоции и внимателното слушање на она што ви го зборуваат другите. Тие се аспекти од животот на кои би требало да поработите со цел да бидете посреќни и поисполнети. Можно е да имате проблеми со грлото и ушите, затоа што овој кристал ја претставува чакрата на грлото, а тие проблеми настануваат токму поради лоша комуникација.

Исто така можно е да се преправате дека сте нешто што не сте, така обидувајќи се да ги залажете другите, но и себеси. Тргнете ја маската, оттргнете го ѕидот кој го имате подигнато околу вас и бидете она што навистина сте длабоко во вашата душа. Посветете се на оние работи кои ве исполнуваат со позитивна енергија, внимателно слушајте ги луѓето околу себе и направете комуникацијата со нив да биде полна со разбирање, сочувство и љубов. Заборавете на лутината затоа што таа неводи кон ништо добро.

Тест: Изберете кристал и дознајте што треба да промените во вашиот живот

2. Зелен авантурин

Овој кристал покажува дека длабоко во себе копнеете за некој вид лекување, мир, хармонија, заздравување и љубов. Вие често сте немирни. Би сакале да се смирите, но тоа е посилно од вас. Можеби имате проблеми со склопување пријателства или љубовни врски. Тоа што го одбравте токму овој кристал може да предвиди проблеми со чакрата на срцето низ која енергијата веќе не патува слободно, можеби поради лошите искуства кои сте ги имале во минатото.

Ако сакате да го промените тоа, тогаш треба да се свртите кон себеси и кон својот духовен напредок. Прошетајте во природа и уживајте во опкружувањето. Тоа ќе ве наполни со позитивна енергија, ќе ви помогне да ги отстраните негативните мисли и да се опуштите. Сето ова ќе резултира со создавање рамнотежа во вашиот живот и чувство на задоволство, а тоа ќе привлече нови, квалитетни пријатели и искрена љубов. Сѐ е во ваши раце.

Тест: Изберете кристал и дознајте што треба да промените во вашиот живот

3. Цитрин

Би можело да се каже дека имате проблеми со самодовербата и не сте фокусирани на сопствениот живот. Постојат шанси другите луѓе да ја исцрпуваат вашата енергија и да управуваат со вашиот живот. Вам некако ви е полесно да се препуштите, отколку да се изборите за себе. Најверојатно протокот на енергијата низ чакрата на соларниот плексус е нарушена, а токму таа ви дава сила и волја.

За почеток треба дел од времето да посветите на медитација и вниманието да го насочите кон она што го сакате во животот. Поставете си цели и храбро одете кон нив. Не дозволувајте другите да ве уништуваат, затоа што ќе забележите и такви обиди. Вам ве чекаат среќа и задоволство, само морате да дојдете до нив, а тоа не може никој друг да го направи, освен самите вие.

Тест: Изберете кристал и дознајте што треба да промените во вашиот живот

Погледнете го и овој забавен тест со кристали кој ќе ви открие нешто повеќе за вас.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар