Меѓународната гимназија „Нова“ во соработка со фондацијата „Борис Трајковски“ распиша конкурс за доделување на стипендии за школување во оваа гимназија. Аплицирањето почнува денес (20 февруари) и ќе трае до 9 март, а ќе се одвива преку интернет-страницата на „Нова“ каде е поставена електронска апликација која заинтересираните ќе треба да ја пополнат. Стипендиите се доделуваат по дванаесетти пат и наменети се за ученици од цела Македонија кои го завршуваат основното и сакаат да го продолжат средното образование во оваа образовна институција. Сите пријавени кандидати треба да имаат одличен успех од петто до деветто одделение и солидно познавање на англискиот јазик.rnrn
rnrnТројца апликанти ќе добијат целосни стипендии за четиригодишно школување додека најдобрите 25 ќе имаат шанса да конкурираат за финансиска помош која ќе може да покрие најмногу до 50 отсто од школарината. Ваква финансиска поддршка ке добијат најмногу 10 ученици. Сите пријавени кандидати ќе треба да полагаат тестови по англиски и математика и да напишат есеј на зададена тема. Најдобрите 8 кандидати ке бидат повикани на интервју пред стручна комисија. Од нив ќе се одберат трите целосни стипендисти.rnrnСо цел да им се помогне на сите заинтересирани ученици во процесот на аплицирање, на 2 март ќе бидат организирани и работилници по математика и англиски јазик.rnrn
rnrnOсвен целосни стипендии, тројца ученици ќе добијат и поддршка за време на четиригодишното школување активно да учествуваат во локални, регионални и меѓународни настани и натпревари. Преку овие можности тие соодветно ќе се надградуваат со цел да ја претставуваат визијата на училиштето, фондацијата „Борис Трајковски“, но и својата држава. Програмата за стипендирање почна во 2005 година, а досега ја завршија девет генерации матуранти, кои своето образование го продолжија на врвни факултети во Европа и во САД.rnrn
Отворен конкурсот за стипендии за школување во меѓународната гимназија „Нова“
