Можеби сте слушнале за графологијата, студија за ракописот која може да открие особини на личноста. И ако добро размислите, навистина не постојат две личности кои исто пишуваат. Не постојат ниту две личности кои имаат исто здравје, но научниците успеале да најдат неколку законитости во ракописот на оние кои страдаат од исти болести. Анализата на начинот на кој една личност пишува реченици отишле толку далеку, што се верува дека ракописот би можел да биде ран показател на потенцијални здравствени тегоби, како што е хипертензијата или Алцхајмеровата болест.rnrn
rnrnПа, ништо не губите доколку се обидете да проверите дали и кај вас постои опасност од висок крвен притисок, Алцхајмерова болест, шизофренија или Паркинсова болест, но исто така може да покаже и дали имате вишок или пак, ви фали енергија.rn
Висок крвен притисок
rnДоколку пишувате со различно притискање на пенкалото, тоа би можело да биде еден од показателите дека имате висок крвен притисок или хипертензија – особено ако видливоста на буквите се движи од многу светла, до многу темна.rn
Алцхајмерова болест
rnПонекогаш ракописот се влошува паралелно со влошувањето на менталните способности. Тоа вклучува нечитливост на ракописот или пак, промената на изгледот на буквите кои делуваат споено со тресење при пишување. Дури и целиот процес на пишување со тек на време ќе почне да забавува.rn
Шизофренија
rnКога закосените букви често варираат во рамките на речениците или во истата реченица, тоа е еден од доказите дека личноста не е во постојан контакт со реалноста.rn
Паркинсова болест
rnЕден од показателите на Паркинсовата болест е ситниот и збиен ракопис, познат како микрографија. Понекогаш ракописот може да биде толку ситен, што дури ни оној кој го пишувал не може да го почита.rn
Вишок или недостаток на енергија
rnДоколку пишувате со силен притисок врз пенкалото, па напишаното е со дебели букви што дури може и да ја пробијат хартијата, тогаш тоа покажува дека сте личност со многу енергија. Ако додека пишувате едвај ја допирате хартијата и напишаното е светло и бледо, тогаш или ви недостига енергија или сте уморни.