Мермерни тапети: Нов тренд за уредување на ентериерот!
Мермер. Тоа е оној материјал кој досега сигурно сте го гледале насекаде, започнувајќи од свадбените торти, па сѐ до маските за мобилните телефони, а најчест извор за „мермерни“ инспирации со сигурност е Инстаграм. Признаваме, ние сме заљубени во новиот тренд во светот на ентериерот кој подразбира мермерни тапети! Значи, сега е сосема јасно – мермерот е голем тренд и нема да нè напушти во скоро време. Доколку сакате да го следите овој нов „мермерен“ тренд, тогаш ви предлагаме да ги освежите ѕидовите од вашата спална соба, дневна, бања, кујна со токму вакви мермерни тапети.
1. Класичните тапети со сиво-бели тонови на вашата спална соба ќе ѝ дадат доза на отменост, а одлично ќе се сложуваат со мебелот во црна, бела или сива нијанса. Доколку сакате просторот кој ве опкружува да биде малку подинамичен, тогаш изберете детали во некои впечатливи бои. Сина, црвена, виолетова… Испробајте и ќе видите колку вашата соба ќе изгледа помодерно и поатрактивно!
2. Доколку ги сакате пастелните бои, тогаш некоја од просторите во домот можете да ја уредите со бебешко розови или сини нијанси, а мермерните тапети во тој случај одлично ќе се вклопат. Белите и металик нијанси на вашиот дом ќе обезбедат софистициран изглед, токму онаков каков што сте забележале вртејќи по насловната на Инстаграм.
3. Црната, белата и златната боја од вашата бања ќе направат оаза на уживање од која многу тешко ќе се разделувате!
4. Доколку вашиот дом е едноставно уреден и целокупниот ентериер е исполнет со нежни пастелни тонови, тогаш мермерните тапети се одличен детаљ со кој ќе ја „зачините“ вашата омилена просторија. Пуштете ја вашата фантазија!
Преминете на следната страница за повеќе креативни идеи со мермер…