КАФЕ ПАУЗА

8 бизарни нешта што сите ги правиме кога сме шворц

Позната ли ви е ситуацијата кога треба да излезете со вашите пријатели, па пред да ја проверите сметката и заштедата, мислите дека имате доволно, но потоа сфаќате дека сте останале речиси без денар? Во тој момент почнувате да размислувате што да правите и како да се извлечете од ситуацијата. Па, додека чекате да дојде наредната плата, се препуштате на овие бизарни однесувања…rnrn8 бизарни работи кои ги практикуваат луѓето кога ќе останат без париrn

1. Приготвувањето евтина храна станува ваше основно јадење

rnДодека претходно имавте навика да ги избирате најдобрите производи од продавниците, сега најпрво ја гледате нивната цена…rn

2. Размислувате за продажба на вашите телесни органи

rnДали ви се потребни и двата бубрега? Што ќе ви е долга коса? Би ја купил ли некој? Толку сте очајни што мислите дека подобро ви е да живеете без некој ваш орган отколку да се обидувате да преживеете со тие пари што ги имате до крајот на месецот.rn

3. Се надевате дека ќе излезете на состанок и дека некој ќе ве чести пијалак

rnВие сте силна и независна личност на која не ѝ треба никој за потпирање. Но, уморни сте и гладни и сте изеле сѐ што останало во вашиот фрижидер. Можеби некој прв состанок каде што ќе ви биде платен пијалакот (а можеби и некое јадење) добро ќе ви дојде. Не барате премногу, зар не?rn

4. Користите шампон во теретана, за да не морате да се туширате дома

rnПолесно е да се истуширате во теретана, бидејќи ги имате сите погодности и не треба да го трошите вашиот шампон, а исто така ќе заштедите и вода и струја.rn

5. Се обидувате да седите дома без да вклучите уред за затоплување

rnСе обидувате да заспиете без да ја затоплите просторијата, со цел да заштедите пари за струја, но набргу сфаќате дека тоа е лоша идеја и дека почнувате да се смрзнувате.rnrn8 бизарни работи кои ги практикуваат луѓето кога ќе останат без париrn

6. Пронаоѓате бесплатни работи, акции и промоции

rnНа пример, се нуди дегустирање на одредени чоколада, бесплатни тренинзи, бесплатно доставување храна… Вие имате испробано сѐ!rn

7. Се претставувате како „студент“ за да добиете одредени попусти

rnСметате дека изгледате доволно младо, а и се надевате дека нема да ви бараат документи за лична идентификација, па да можете да уживате во некои придобивки кои ги имаат студентите.rn

8. Се обидувате да ја искористите и онаа мала заштеда која ви останала

rnНе сакате да умрете од глад или да се разболите, па затоа си дозволувате да уживате и во оној последен износ на пари кој ви останал во вашата чанта.rnrn8 бизарни работи кои ги практикуваат луѓето кога ќе останат без пари