Ако немате никого кој е во состојба да ви го каже она кое ви е баш потребно да го слушнете, кога вашето срце е скршено и кога сте во депресија, запишете ги охрабрувачките реченици кои одговараат на вашиот хороскопски знак и залепете ги на огледалото во бањата. Или пак, запишете ги на сто ливчиња и залепете ги насекаде низ вашиот дом. Тоа е најбрзиот начин да почнете да се чувствувате подобро, без воопшто да се трудите.rnrn
rn
Овен
rnВие не можете долго да останете на дното. Кога-тогаш од вас ќе излезе искра и ќе сјае посилно од кога било порано, поради сето она низ кое сте поминале. Ќе блескате повторно, ќе бидете среќни.rn
Бик
rnОние кои најмногу губат се оние кои не се осудуваат да сакаат – а вие сте победник. Вашето срце е доволно големо, силно и топло да ве пренесе низ периодот на болката и кога ќе излезете на другата страна, ќе имате поголемо сочувство и заразна радост.rn
Близнаци
rnСледниот пат ќе сретнете некого кој ќе ги засака двете верзии од вашата личност – и онаа светлата, отворената, веселата и забавната, но и другата, нежната и ранливата. Можеби дури и повеќе. Вашата двојна природа е вашето најголемо емотивно богатство.rn
Рак
rnДоволно сте паметни за да ја изнесете вашата тешка и напорна страна, кога тоа ви е потребно, кога сакате да се ослободите. Дозволете си себеси да ги изразите тие чувства, непотиснато како бебе. А потоа сакајте си се доволно, за да посакате да се поместите од таа точка и да тргнете понатаму.rnrn
rn
Лав
rnСо љубопитноста и страста како вашата, нема сомнеж дека брзо ќе соберете сила да станете од креветот и да се вклучите во животните случувања. А додека ви е навистина тешко, ќе имате на кого да се потпрете – вашето семејство и пријателите кои неизмерно ве сакаат и поддржуваат.rn
Девица
rnАко постои личност која е подготвена, способна и апсолутно доволно дисциплинарна за низ периодот на скршено срце да помине малку по малку, чекор по чекор, ден по ден, тогаш тоа сте вие. Она што за другите е невозможно да го направат, за вас е совет кој умеете да го примите за сопствено добро.rn
Вага
rnСетете се дека тоа што некој ве отфрла, воопшто не ве прави помалку пожелни и достојни за љубов. Имате толку пријатели и луѓе кои ве опкружуваат, кои ве сакаат не поради она што можете да го направите за нив, туку поради она што навистина сте, поради тоа што за нив сте извор на радост, едноставност и утеха. Не менувајте се никогаш, за никого.rn
Скорпија
rnСега сте опседнати со она што тргнало наопаку и она што сте можеле да го направите поразлично, но сетете се – вие сте магична личност, низ вас течат сили кои ќе го направат она што е најдобро за вас. Препуштете се на космосот, нека ве однесе низ тешкиот период, нека го направи она што е најдобро за вас. Вие само продолжете со извршувањето на секојдневните обврски.rnrn
rn
Стрелец
rnВо ред е да не бидете главниот забавувач и оптимист. Не мора да правите шеги на сметка на вашето скршено срце. Во ред е да ве боли и да не ви е до ништо. И воопшто не мора да бидете храбри. Не морате ништо да направите.rn
Јарец
rnСетете се колку сте практични, логични и силни и дека сте потполно способни за сами да ги составите парчињата од вашето скршено срце. Вие сте поспособни од останатите, како што сте поспособни во поголемиот дел од работите. Ќе пронајдете начин, бидејќи ова е драгоцено искуство во вашиот живот.rn
Водолија
rnНе отсекувајте се од чувствата. Вашата болка има право да биде призната, доживеана, сфатена. Дозволете си да го почувствувате сето она што го чувствувате. Разговарајте со оние кои ве разбираат и кои ја познаваат моќта на чувствата. И најважно од сè, дајте си доволно време за да оздравите.rn
Риби
rnВашето скршено срце во овој момент ви дава прилика да се потпрете на оние луѓе, кои толку пати се потпирале на вас, вашето разбирање, топлина и сочувство. Дозволете им да ве разгалат, утешат, негуваат и да ве прифатат како подарок.
