Неколку докази дека втората љубов е вистинската

Сподели

Откако ќе ви биде скршено срцето, вие може да чувствувате дека е крај на светот, да се разочарате од животот и од љубовта и да мислите дека никогаш повторно нема да бидете способни да сакате. Но, во суштина не е така. Само поради тоа што сакате некого, не значи дека таа личност е вистинската за вас. Љубовта се состои од нешто подлабоко и позначајно. Така, најверојатно вам ве чека втора љубов која ќе успее да ви вметне нови радости и надежи, а и да ви ја избрише сета претходна болка. Еве кои користи ви ги нуди таа.

Реклама

rn

Втората љубов ве учи како повторно да сакате, откако еднаш сте биле повредени

rnТаа ве учи дека љубовта сѐ уште постои и дека сте способни повторно и повеќе да сакате. Втората љубов ви покажува дека сѐ уште можете да имате верба во љубовта, без разлика колку болка ви предизвикала првата. Таа е тука да ги излечи вашите рани.rn

Втората љубов ви дава надеж

rnТаа ви покажува дека сѐ уште можете да живеете во бајка, дека скршеното срце не е крај на светот и дека сѐ уште на вашиот пат ве очекуваат добри работи. Таа ви покажува што може да се случи доколку продолжите напред и ги оставите зад вас работите кои ве повредуваат, кога ќе се обидете повторно и нема да ја изгубите надежта. Втората љубов ви ја покажува светлината после темнината.rn

Втората љубов е похрабра

rnТоа значи дека вие знаете како да простите, како да ризикувате да бидете повторно повредени, затоа што вреди. Тоа значи дека се подготвувате за најлошото, но се надевате на најдоброто. Втората љубов ве прави посилни.

rn

Втората љубов ве тера да верувате во моќта на времето

rnЗошто работите со првата љубов не излегоа во најдобар ред? Зошто се заљубивте во погрешна личност? Зошто вашето срце беше скршено и покрај ветувањата дека сте сакани? Втората љубов е овде да ви каже дека зад секоја болка се крие вистинска причина и дека сакањето не значи дека таа личност е вистинската за вас.rn

Втората љубов има смисла

rnТаа не се заснова на детските фантазии, страста или занесот. Таа не е слепа или токсична и не се заснова на нереални очекувања или чиста опсесија. Втората љубов доаѓа откако сте научиле да ја слушате вашата интуиција, да ги гледате црвените знамиња, да одберете некој што ќе додаде вредност на вашиот живот и откако сте научиле да донесувате зрели одлуки, а не кога сте осамени. Втората љубов ви покажува дека вие можете да бидете нечиј прв избор, но и што навистина значи да бидете сакани!

Популарно

Може ќе ве интересира