Без разлика дали имате 15 или 50 години, перењето алишта секогаш ќе биде обврска. За среќа, изгледа дека оваа задача може да биде многу полесна благодарение на направата Gentlewasher која ја пере облеката за 5 минути.rnrn
rnrnЗа оваа машина не ви е потребна електрична енергија и во исто време можете да исперете и до 12 блузи. Таа е многу поефикасна од обичната машина за перење бидејќи користи до 17 литри вода за едно перење. За споредба, постарите машини за перење облека може да потрошат и до 150 литри.rnrn
rnrnБлагодарение на својот дизајн, машината создава заштитен слој од вода околу облеката. Ова ја спречува облеката да дојде во контакт со барабанот и ѝ го продолжува животот.rnrn
rnrnКомпанијата која ја направила машина е од Холандија и тврди дека оваа направа е најодржливата и најнежната перална. Наводно, резултатот е ист како и со обичните машини за перење. Иако машината е специјализирана за облека која треба да се пере рачно, можете да ја перете и останатата облека. Според компанијата, машината е доста корисна и ако одите на патување. Одлична е и за оние кои живеат во мал стан бидејќи речиси и да не зафаќа простор.rnrn
rnrnМашината се продава онлајн по цена од 226 евра. Компанијата сакала да направи машина за алишта која можат да си ја дозволат сите, па ја направиле цената што е можно пониска. Што мислите вие, дали би сакале да ја замените вашата стара, огромна машина што троши многу вода со оваа иновативна и штедлива алтернатива?
Машина за перење алишта за која не ви е потребна електрична енергија
