Лекции од искусните светски патници кои вреди да ги послушате
Лекциите кои се учат од искуството се незаменливи. Сето она што ќе го проживее еден човек му нуди едно посебно знаење кое потоа многу му служи во неговиот живот. Такви лекции споделуваат и успешните патници, со цел да се живее посреќен и поисполнет живот. Дефинитивно, треба да ги послушате.
1. Во суштина, сите луѓе во светот сакаат едно исто: Љубов, сигурност, уживање, потврда од другите и надеж за подобра иднина.
2. Одложувањето на среќата за во иднината е ужасно лоша идеја. И кога ќе ја добиете онаа „уште една работа“ која сте ја посакувале, секогаш ќе барате повеќе. Среќата е во она што го имате сега!
3. Бидете практични затоа што неочекуваната среќа од добивка на лотарија најверојатно плови. Наместо тоа, поместете се и направете нешто за себе.
4. Општеството не ви должи ништо и ништо не можете да очекувате од него. Од себе можете да очекувате сѐ. Така, единствено вие одлучувате како ќе ви изгледа животот.
5. Барајте луѓе кои имаат различни погледи кон светот, затоа што тие ќе ве збогатат повеќе отколку што мислите. Ништо нема повеќе да ве задржи во место, како луѓето со кои најчесто се согласувате.
6. Никој нема сосема удобен живот, но многумина ставаат маски со насмевка и минуваат низ животот. Не можете да замислите колку им е тешко на луѓето во нивна кожа, затоа што мислите дека вашите проблеми се најголеми.
7. Повеќе пари никогаш нема да ги решат вашите проблеми. Сѐ што е навистина вредно во животот не чини ништо, а остатокот важни работи е многу поевтин отколку што мислите.
8. Она што го поседувате, ве поседува вас. Ако ги одземете неопходните работи за живот, за што ги имате сите останати работи? Затоа што вам ви е потребна потврда од другите дека вредите нешто. Притоа, сите тие работи не го збогатуваат вашиот живот.
9. Избегнувањето на телевизорот е најпаметната работа што можете да ја направите. Телевизорот ве тера да бидете асоцијални. Избегнувајте го секогаш кога можете.
10. Проголтајте ја гордоста и извинете се. Не е неопходно да победувате во секоја кавга. Никогаш не чекајте другата личност да се извини прва. Тоа се само неколку зборови кои може да ви го сочуваат добриот однос со другите.