Како се менуваат љубовните врски со текот на времето?

Како се менуваат љубовните врски со текот на времето?

Почетоците на секоја љубовна врска се како од сон. Со нетрпение чекате да ви се јави партнерот, се гледате секој ден од неделата и повторно си недостасувате кога не сте заедно, детално ги планирате љубовните состаноци и не можете да излезете од спалната. Но, оваа фаза кога-тогаш ќе заврши без разлика колку се сакате. Работите ќе почнат да се менуваат и врската нема да ви биде толку романтична.

Како се менуваат љубовните врски со текот на времето?

Можеби ќе се чувствувате несреќни кога ќе заврши заљубената фаза, но тоа не значи дека треба да се разделите. Тоа значи дека ќе треба да се трудите малку повеќе за да ја зачувате љубовта што постои меѓу вас. Подобро ќе го запознаете партнерот и ќе се зближите на подлабоко духовно ниво. Во продолжение прочитајте како ќе се менува вашата љубовна врска со текот на времето…

Нема да се срамите толку од вашите телесни функции

Ова не звучи многу романтично, но вистина е. На почетокот од врската сигурно чекате да си замине саканата личност за да се „олесните“ во тоалетот, да испуштите гас или да ждригнете. Но, сите овие се природни телесни функции од кои не би требало да се срамите. Од таа причина, сериозните врски понекогаш се навистина прекрасни. Не мора да се срамите од ништо повеќе.

Ќе имате помалку секс

Доколку сте заедно подолго време, нормално е тоа што не сакате да си „скокнете“ еден на друг секој ден. Немојте да мислите дека нешто не е во ред со врската. Ако нештата тргнале наопаку во спалната соба, тоа е знак дека треба да ги „зачините“ малку работите. Почнете да користите сексуални играчки, пробувајте нови пози и не плашете се да експериментирате.

Ќе можете послободно да разговарате за вашата менструација

Нема ништо срамно во врска со добивањето менструација, но мора да признаеме дека не станува збор за интересна тема за дискусија. На почетокот можеби ќе се плашите да не ги извалкате чаршафите со крв кога ќе преспивате кај партнерот и ќе се обидувате да ги скриете тампоните на дното од корпата за отпадоци. Но, со текот на времето ќе почувствувате слобода да разговарате за вашиот менструален циклус, што значи дека вашиот партнер ќе добие поголемо разбирање за вашето здравје.

Нема да се бакнувате и да се држите за рака во јавност

Изливите на нежност во јавност се карактеристика со која се одликува секој нов љубовен пар. Секогаш кога одите на некоја забава или настан, не можете да ги тргнете рацете еден од друг и постојат еден куп фотографии како доказ за вашата љубов. Нормално е тоа што оваа навика исчезнува со текот на времето. По некое време заедно ќе забележите дека повеќе не седите еден до друг на групните собири и воопшто не се бакнувате. Тука нема ништо лошо. Тоа значи дека имате толку многу теми за разговор што нема потреба да губите време на покажување нежност во јавност.

Како се менуваат љубовните врски со текот на времето?

Ќе поминувате повеќе време сами

На почетокот од врската ќе сакате сѐ да правите заедно. Заедно ќе пазарите, бидејќи купувањето леб е многу позабавно кога сте со партнерот. Но, како што ќе минува времето, ќе станувате сѐ понезависни. Експертите потврдуваат дека партнерите кои имаат среќна врска поминуваат дел од времето сами, правејќи работи што ги интересираат и во кои самостојно уживаат. Секако дека ако поминувате премногу време разделени, може да предизвикате крај на врската, но тоа ќе се случи само доколку претерате. Здравата доза на независност е природна и добредојдена во сериозните врски.

Ќе се карате почесто

Како што ќе минува времето така ќе го запознавате партнерот и нормално е тоа што нема да ви се допаѓаат сите неговите особини и навики. Ќе забележите дека имате многу спротивставени мислења и секој ќе сака да докаже дека неговото е правилното. Најверојатно ќе се карате за глупости, како на пример за тоа кој филм да го гледате, но и за поголеми работи како што е одењето на годишен одмор.

Ќе поминувате повеќе време со пријателите и семејството на партнерот

Нормално е тоа што ќе почнете да поминувате повеќе време со луѓето кои му значат на вашиот партнер. Иако на почетокот сте се дружеле со нив само кога сте биле заедно со партнерот, ќе почнете да забележувате дека и самите поминувате време со најдобрите пријатели на вашата сакана личност. Сѐ започнало со обична размена на телефонските броеви, за потоа тоа да премине во излегувања по клубови со сестрата на вашиот партнер до раните утрински часови, додека тој правел нешто сосема трето. На овој начин, вие почнувате заеднички да ги живеете вашите животи и тоа е одличен знак иако можеби не ви се допаѓа тоа што мајка му ви праќа пораки секој ден.

Полесно ќе ви биде да разговарате на теми што претходно сте ги одбегнувале

Не е лесно да се разговара на теми како што се финансии, семејни односи и комплицирани бивши, особено ако не сте заедно толку долго време. Со текот на времето, вашите ѕидови ќе се срушат и ќе забележите дека ви станува полесно да разговарате за овие работи на зрел начин. Ќе почнете заедно да донесувате важни одлуки и тоа е една од најголемите придобивки од крајот на заљубената фаза на врската.

Прочитајте ги и овие 8 бесмислени митови кои кружат за љубовните врски.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар