Оваа сезона вниманието повторно е насочено кон природната убавина и едноставната шминка. Актуелни се трендовите за убавина што всушност им годат на повеќето жени. Погледнете ги трендовите што ќе бидат хит.rn
1. Руменило со топли нијанси
rnНежно розовите и нијансите на праска ќе ѝ дадат свеж и здрав изглед на вашата кожа. Тие се неизоставен чекор во постигнувањето на „голиот“ изглед.rn
2. Лакови за нокти со неутрална нијанса
rnОвде спаѓаат нијансите како лаванда, нежно розова и шампањ. Тие им даваат нежен и женствен изглед на дланките, па оваа сезона ќе бидат најпопуларни бои за нокти.rn
3. Јога тен
rnОва е техника на шминкање што ѝ дава природен сјај и свежина на вашата кожа. Блескавата кожа ќе ја истакне вашата природна убавина.
Погледнете и кој е најпопуларниот пролетен модел на блуза за 2019-та година.

