Зошто Кинезите не им кажуваат на нивните деца дека ги сакаат?
Колку често им кажувате на вашите родители дека ги сакате? Сигурно се случува тоа секој ден или барем одвреме-навреме. Но, доколку Кинез им се јави на родителите и им каже „Ве сакам“, тие ќе бидат збунети и шокирани. Ќе си помислат дека нешто не е во ред или дека нивното дете е под дејство на алкохол. Зошто изјавата на љубов ги чуди толку многу?
„Кинезите не ги воспитуваат нивните деца така што им кажуваат позитивни мисли, туку користат исклучиво негативни зборови“, објаснила Шиа Шуелаун, социолог при Универзитетот во Пекинг.
Ваквото воспитување веројатно е производ на комунистичката филозофија и учењето на Конфучиј кој не охрабрувал романтика во семејството, туку само близок однос помеѓу самите членови.
Во Кина преовладува идејата дека делата говорат погласно од зборовите, а дека заедничкиот политички идентитет е поважен од емоционалната и сексуалната привлечност. Па така, во многу кинески семејства зборовите „љубов“, „те сакам“ и слично се сметаат за бесмислици кои немаат никаква вредност. Сите знаеме дека ова не е вообичаено за европските земји.
Колку често си изјавувате љубов во вашето семејство? Дали би се обиделе да ги воспитувате вашите деца на ваков начин?