КАФЕ ПАУЗА

Како изгледаат духовите во различни земји ширум светот?

Како изгледаат духовите во различни земји ширум светот?

rn

Стригои (Strigoi)

rnКако изгледаат духовите во различни земји ширум светот?rnrnСтригоите потекнуваат од романскиот фолклор и се духови кои личат на вампири и се хранат со човечка крв. Овие духови некогаш биле луѓе кои живееле или умреле во несреќни околности, што значи дека се самоубиле, не биле крстени или не биле венчани. Стригоите имаат сино-виолетови очи и црвена коса.rn

Ла Писадеира (La Pisadeira)

rnКако изгледаат духовите во различни земји ширум светот?rnrnОвој бразилски дух е висока и слаба жена со црвени очи и морничави долги нокти која седи на покривите од куќите и ги гледа луѓето како јадат. Ако некој човек заспие по оброкот, таа седнува на неговите гради, го буди и го држи парализиран. Според некои верувања, приказната за овој дух е поврзана со парализата што се јавува во сон кога луѓето се будат но не можат да се движат и да зборуваат.rn

Кучисаке-она (Kuchisake-onna)

rnКако изгледаат духовите во различни земји ширум светот?rnrnКучисаке-она или „жената со пресечена уста“ доаѓа од Јапонија. Според легендата, пред да умре маж ѝ го исекол нејзиното лице од уво до уво во афект. Но, нејзиниот дух се вратил за да ги прогонува живите, покриена со вел, шал, а во модерните верзии и хируршка маска. Потоа таа ги прашува жртвите дали е убава и ако тие одговорат потврдно, таа ја тргнува маската и го открива нејзиното искасапено лице. Постојат повеќе верзии за тоа што се случува следно, но ниту една не е позитивна. Обично, духот ја убива жртвата со тоа што ѝ го сече лицето за да личи на нејзиното. Ако жртвата одговори дека не е убава, таа ѝ го сече лицето со ножици.rn

Духови од возови

rnКако изгледаат духовите во различни земји ширум светот?rnrnВо многу култури постојат духови кои се поврзани со возови. Во Бенгал и Индија, скондхокатите (skondhokatas) се обезглавени духови на луѓе кои ја изгубиле главата од железнички возови. Тие се насилни, но за среќа не се многу интелигентни. Во Јапонија, постои легендата за Теке Теке (Teke Teke), дух на ученичка која била пресечена на половина од некој воз. Нејзиниот дух во рацете носи срп заедно со долната половина од телото и прави „тек-тек“ додека се движи. Ако налета на жив човек, го пресекува на половина со српот.rn

Ла Ѓорона (La Llorona)

rnКако изгледаат духовите во различни земји ширум светот?rnrnСпоред мексиканската приказна за Ла Љорона, жена по има Марија си ги удавила децата. Потоа таа извршила самоубиство и сега ги опседнува речните корита облечена во бело, плачејќи за нејзините деца. Понекогаш се обидува да киднапира живи деца ако се приближат премногу близу до неа.rnrnПрочитајте ги приказните и за останатите 5 духови на последната страница…rnrn