Зошто секоја жена би требало да го посети Амстердам барем еднаш во животот?
Патувањата ги полнат очите, го збогатуваат вашето знаење и ви отвораат нови перспективи. Зар постои човек кој не сака да го добие сето ова? Светот е прекрасен и заслужува да биде истражуван. Секое место е уникатно и крие свои убавини, а овие неколку причини во продолжение ви прикажуваат зошто секоја жена би требало да го посети Амстердам барем еднаш во животот.
1. Мажите се високи и навистина симпатични. Иако се вели дека Холанѓаните не се добри за флертување.
2. Шетањето е лесно и безбедно. Растојанијата се кратки и централниот дел речиси цел е за пешаците.
3. Амстердам има уникатна атмосфера. Не постои друг град во светот како овој.
4. Малите бутици се прекрасни. Нив особено ќе ги најдете во областа Јордан.
5. Личниот живот е изложен преку прозорците на куќите. Нема завеси, ниту ролетни.
6. Бавен живот, но брзи велосипедисти. Малку европски градови ќе ви овозможат да уживате на толку смирен начин, како што тоа го нуди Амстердам.
7. Зеленилото и децата го прават Амстердам пријателски град. Преку целата година има зелена вегетација, па каде и да одите можете да забележите семејства со деца.
8. Не мора да купувате марихуана. Можете да ја добиете бесплатно шетајќи се пред кафулињата.
9. Ќе ја видите областа Црвено светло. Таму можете да најдете сè од бордели до секс продавници и музеи. Нема да ви стане многу непријатно, затоа што тоа е повеќе како туристичка глетка каде што дури поминуваат и туристи со нивните деца.
10. Ќе ја видите зоолошката градина Артис. Оваа зоолошка градина е една од најдобрите во Европа и ќе ви треба цел еден ден за да ги видите сите животни, особено во топлите денови.
Доколку се решивте да го посетите овој град, збогатете го своето знаење и прочитајте ги овие интересни и помалку познати факти за Амстердам.