Чувајте го вашиот црн дроб: Еве што најмногу го уништува, а со што можете да го обновите!

Чувајте го вашиот црн дроб: Еве што најмногу го уништува, а со што можете да го обновите!

Црниот дроб е чистач на нашиот организам. Познат е и како „тивок орган“, бидејќи не се буни, но еднаш кога ќе го затруеме, се случува хаос во организмот.

1-chuvajte-go-vashiot-crn-drob-na-vreme-eve-shto-najmnogu-go-unishtuva-a-so-shto-mozhete-da-go-obnovite-www.kafepauza.mk_

Ова се првите симптоми кои укажуваат на тоа дека вашиот црн дроб е оптоварен:

  • Хроничен замор
  • Депресија
  • Честа главоболка
  • Несоница
  • Промени во расположението
  • ПМС

Во продолжение прочитајте што може да придонесе за појава на овие симптоми и оштетување на црниот дроб…

1. Претерано и често консумирање брза храна, масна и пржена

Храната како што е помфритот, чипсот, крофните, поточно храната којашто содржи многу масти, е токсична за црниот дроб. Таа содржи липидни пероксиди кои ги оштетуваат клетките на црниот дроб.

2. Претерано консумирање кафе

Претераното консумирање кафе најмногу штети на црниот дроб на постарите луѓе. На ова се придружува и намалената функција на бубрезите, така што, на постарите луѓе не им се препорачува да консумираат повеќе кафиња на ден.

3. Алкохол

Алкохолот се разградува во црниот дроб, а неговата неумерена количина доведува до разни оштетувања, меѓу кои е и оштетувањето на мозокот, панкреасот и целиот нервен систем. Токсичното влијание на алкохолот врз црниот дроб вклучува и насобирање на мастите, можност за појава на хепатитис и цироза на црниот дроб.

4. Пушење

Цигарите содржат многу токсични состојки во себе, меѓу кои се бензапирен, полициклички ароматски јагленоводороди, цијанид, катран, ацеталдехид, акролеин… Сето наведено доаѓа во крвта на пушачите и оваа задача за црниот дроб е сè, само не лесна.

5. Отрови

Трагите на пестициди во храната се насобираат во црниот дроб и може да предизвикаат хронични заболувања. Исто така, разните видови лекови, таблети и други супстанци, многу лошо влијаат на црниот дроб, како што веќе и самите знаете.

Доколку сакате да го исчистите црниот дроб, ви препорачуваме што повеќе да ги консумирате следните намирници:

  • Артичоки
  • Лук
  • Јаболка
  • Круши
  • Мешунки
  • Зелен и горчлив зеленчук


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар