Како изгледа појадокот на најздравите луѓе во светот?

Сподели

Дали една од вашите цели за 2017 година е да почнете да се храните здраво? Можеби тоа ви изгледа малку комплицирано, но вистината е дека не мора да држите диети и да купувате посебни производи за да го смените начинот на исхрана. Сосема е возможно да се храните здраво, а притоа да не се откажете од вкусниот појадок. Во продолжение прочитајте што појадуваат најздравите луѓе во светот…rn

Реклама

Пржени јајца во авокадо

rnОвој вкусен појадок е богат со протеини и здрави масти и дефинитивно ќе ги задоволи вашите сетила. Загрејте ја рерната на 200 степени Целзиусови. Исечете го авокадото на половинки и отстранете ја содржината за да добиете по две лажици авокадо од секоја половина. Истурете го јајцето во двете половини, додадете домати, сол и бибер за вкус и декорирајте со различни зеленчуци. Сето ова ставете го да се пече 20-22 минути.rn

Овошје и потпечено лепче со путер од бадеми и салама

rnМногумина мислат дека оваа комбинација е премногу чудна. Но, станува збор за навистина вкусен и хранлив појадок.rn

Јајца и авокадо на потпечено лепче и боровинки

rnПотпечете црно лепче, на него намачкајте пире од авокадо и јајце испржено на тивок оган. Зачинете го сето тоа со свежи зеленчуци и црвен пипер. Боровинките и зеленчуците се одлични антиоксиданси, а црвениот пипер го стимулира циркулаторниот систем.rn

Смуди од боровинки и ѓумбир

rnОвој појадок нуди совршена комбинација од протеини, масти и јаглехидрати. Боровинките и ѓумбирот се полни со витамини кои се корисни за вашиот вид и имунитет.rn

Овошје, зеленчук и хранливо лепче

rnПојадувајте потпечено лепче со путер од бадеми, пасирано авокадо, сончоглед и сусам. Можете да додадете и смуди од зеленчуци на менито за појадок. Овошјето и зеленчукот се задолжителни за здрав почеток на денот.rn

Кајгана со рукола

rnКајганата и зелените зеленчуци се одличен извор на протеини и витамини.

Продолжете на следната страница за останатите вкусни предлози за појадок…

Популарно

Може ќе ве интересира