КАФЕ ПАУЗА

12 причини зошто се чувствувате „растргнато“ и како да се ослободите од тоа чувство

Written by

in

,

Среќата и исполнетоста не се врзани за банкарската сметка, материјалните работи или бројот на пријатели на социјалните мрежи. Доколку се чувствувате лошо и исцрпено можеби премногу се грижите за одредени навики поради кои вашата енергија опаѓа. Па, доколку ви е смачено од тоа да се чувствувате „растргнато“, погледнете ги следниве навики кои водат до појавата на ова чувство и откријте како да ги промените…rnrn1-kako-da-se-oslobodite-od-niv-12-nachini-poradi-koi-se-chuvstvuvate-rastrgnato-www.kafepauza.mk_rn

1. Социјална изолација

rnrnИзолирањето од луѓе го намалува квалитетот на вашето ментално и физичко здравје. Дури и на оние кои преферираат самотија им е потребен некој кој ќе им биде поддршка, некој со кого ќе можат да поразговараат кога ќе почувствуваат желба за тоа. Па така, вложувајте во односите со луѓето за кои се грижите.rn

2. Правење компромис кога не е потребно

rnНе постои совршен живот, па поради тоа компромисот е природна и здрава реакција. Но, размислувањето на негативен начин како „Ова е најдоброто што можам да го добијам“ или „Не заслужувам подобро“ доведуваат до непотребен стрес. Немојте да се воздржувате, охрабрете се и донесете одлуки кои ќе го променат вашиот живот кон подобро.rn

3. Толерирање на сопствената несреќа поради туѓа среќа

rnЧесто имаме грижа на совест кога ќе одбиеме некого кој од нас побарал услуга или нè повикал да одиме некаде заедно. За тоа нема потреба, бидејќи во овој случај е подобро да одговориме вистинито отколку подоцна да се каеме и да се нервираме поради тоа што сме се согласиле на нешто што не нè прави среќни.rn

4. Трошење над својата финансиска можност

rnТрошењето на парите кои всушност ги немате само може да доведе до претерано нервирање. Принципот е навистина едноставен – додека платата не ви легне на сметка, немојте да ги „пеглате“ картичките.rnrn2-kako-da-se-oslobodite-od-niv-12-nachini-poradi-koi-se-chuvstvuvate-rastrgnato-www.kafepauza.mk_rn

5. Постојано замерување

rnИсфрлете ја оваа негативност и горчина од вашиот живот. Замерките можат само да ви ја влошат ситуацијата, па затоа држете се до принципот – опростете и заборавете. Знаеме дека е полесно да се каже отколку да се направи, но бидете упорни и со тек на време ќе ја совладате оваа препрека.rn

6. Посветување премногу време на нешто или некого

rnСекако дека е во ред да посветите дел од вашето време на вашите најблиски кога сте им потребни или на работните обврски, но во текот на денот немојте да заборавите на себе. Без разлика на тоа колку е густ вашиот распоред, секогаш издвојувајте барем еден час за себе. Опуштете се, читајте книга, гледајте епизода од вашата омилена серија или пак поспијте.rn

7. Консумирање брза храна

rnЛошиот начин на исхрана кој е преполн со брза храна или преработени производи може да има големо влијание на нивото на вашата енергија. Затоа во поголем дел од времето избирајте здрава храна, а само одвреме-навреме почестете се со оброк во ресторанот за брза храна.rn

8. Поминување голем дел од времето на социјалните мрежи

rnНа социјалните мрежи како што се Фејсбук и Инстаграм поголемиот дел од корисниците го покажуваат својот живот на лажен начин. Таквите дотерани и совршени животи не постојат зад завесата. Реалноста е поразлична и не дозволувајте си да се залажувате и депримирате. Социјалните мрежи се забавни и корисни, но во умерени количини.rnrn3-kako-da-se-oslobodite-od-niv-12-nachini-poradi-koi-se-chuvstvuvate-rastrgnato-www.kafepauza.mk_rn

9. Чување на мобилниот телефон до креветот

rnКога ќе заминете на спиење мобилниот телефон ставете го на сигурна далечина, бидејќи доколку не ви се спие, а вашиот мобилен е покрај вас, големи се шансите дека ќе го земете во раце. Тоа не е добра идеја, бидејќи менталната стимулација и силното сино светло можат да го променат вашиот биолошки ритам и телесниот часовник, па користењето на мобилниот само повеќе ќе ве разбуди.rn

10. Излежување на кауч

rnНаместо да се излежувате неколку часа на каучот, направете компромис со кој ќе ги „наполните батериите“. Издвојте еден час за вежбање или некоја друга физичка активност по ваш избор, а потоа следниот час искористете го за одмор на каучот. Ова е одлична комбинација поради која со сигурност ќе се чувствувате подобро и поодморено.rn

11. Поплаки

rnЗа вашето ментално здравје нема поголема корист од позитивниот начин на размислување. Со постојаното приговарање и фокусирање на негативното или пак на работите кои не можете да ги промените само ќе се чувствувате безволно и исцрпено.rn

12. Стагнација

rnНекогаш знаеме да помислиме дека сме западнале во рутина. Секојдневната рутина можете да ја разбиете така што ќе излезете од вашата сигурна зона и ќе испробате нешто ново. Можете на неколку дена да отпатувате некаде или доколку мислите дека ова е премногу драстично, тогаш наместо да зготвите ручек посетете го вашиот омилен ресторан. Исто така, можете да прошетате или да посетите музеј. Немојте да се плашите да внесете новини во вашиот живот, бидејќи и најмалата промена значи многу кога е среќата во прашање.rnrn4-kako-da-se-oslobodite-od-niv-12-nachini-poradi-koi-se-chuvstvuvate-rastrgnato-www.kafepauza.mk_