Што ќе се случи во вашиот живот ако на сѐ велите „да“ во период од еден месец?
Во секојдневието постојат многу причини кои ве тераат да кажете „не“. Можеби немате желба да направите нешто или пак едноставно сметате дека тоа не ви е потребно. Но, што ќе се случи доколку го промените својот став во период од еден месец, па на сѐ што е во разумни граници одговарате со „да“? Погледнете со кои промени би се соочиле во таков случај.
Најпрво ќе чувствувате дека сте преоптоварени со обврски
Очигледно е дека доколку велите „да“ на секој што ќе побара нешто од вас, вие ќе имате премногу обврски во вашето секојдневие. Така, вашиот брат или сестра може од вас да побара да му направите кафе, пријателите може да побараат некоја услуга, а вашите родители ќе сакаат вие да ја подготвите вечерата…. Па, може да ви биде тешко да пронајдете време за себе, за релаксирање и уживање.
Исто така можете да станете гневни
Ако кажувате „да“ на сѐ, тоа може да значи прифаќање на секое барање за помош од вашите колеги. Зошто да ја прифатите туѓата работа и туѓите обврски? Ова дефинитивно ќе ве разлути.
Ќе бидете надвор од вашата зона на удобност
Ако вашите пријатели ве поканат во ноќен клуб, а вие дадете потврден одговор, тогаш тоа ќе ве одведе некаде далеку од вашата зона на удобност, затоа што ноќниот клуб многу се разликува од вашиот кревет каде што претпочитате да останете и да читате книга.
Но, позитивната работа е тоа што ќе можете да запознавате нови пријатели
Сите знаете колку е тешко да пронајдете нови пријатели додека сте заглавени во рутината. Но, следејќи ги сите оние покани за излегување, може да се родат нови почетоци на пријателства, па и нешто повеќе.
Можеби ќе откриете нешто ново за самите себе
Ако вашите пријатели се добри во играње билјард, со тоа што ќе им се придружите и вие, можеби ќе откриете дека ви се допаѓа оваа активност и ќе се заинтересирате уште повеќе за истата.
Исто така ќе можете да сфатите дека постојат и поголеми работи за да кажете „да“
Можеби не сфаќате колку често кажувате„не“ на работите кои ве прават среќни (вашите деца, поширокото семејство и слично), затоа што премногу кажувате „да“ на други работи (како што е деловниот живот). Зошто да не ги замените барем на одреден период?
Повеќе ќе го вреднувате своето време
Морате да издвоите време и да кажете „да“ за вас. Дури и тоа да се однесува на вашето омилено шоу кое не сакате да го пропуштите!