Запомнете ги овие зборови кога животот ќе почне да ви се смее во лице
Најдобрите животни лекции се учат од најлошите ситуации и најголемите грешки. На сите нас некогаш во животот ни се случило нешто лошо. Малку или повеќе, сите ние некогаш сме пателе, бидејќи ситуацијата не се одвивала онака како што сме очекувале или сакале, и сите ние сме изгубиле нешто или некого… Но, без разлика што ви се случило во животот, единствен начин за да преживеете, да продолжите понатаму и да одите накај среќата е да бидете позитивни и благодарни за сите убави работи што ви се случиле. Во ова ќе ви помогнат овие 8 лекции на Марк Херноф кои треба да си ги кажете себеси, тогаш кога ви е најтешко.
1. Болката е дел од созревањето
Животот понекогаш ни затвора некои врати, бидејќи е време да тргнеме понатаму. Тоа е добра работа, бидејќи понекогаш не сакаме да го промениме дури ни лошото, сè додека околностите не нè натераат. Кога ќе дојдат тешки времиња, потсетете се себеси дека секоја болка настанува со причина. Оддалечете се од она што ве повредило, но никогаш не заборавајте на што ве научила таа болка. Секој голем успех бара тешка, но вредна борба. Добрите работи бараат време, па затоа бидете стрпливи. Запомнете и дека постојат два вида болка – онаа која ве повредува и онаа која ве променува.
2. Ништо не е вечно
Кога врне дожд, со тек на време тој мора и да престане. Секој пат кога сте повредени, раната мора да зарасне. После темнината секогаш доаѓа светлина. Немојте да мислите дека ноќа ќе трае засекогаш, бидејќи ништо не трае засекогаш, ниту среќата, но ниту тагата. Само затоа што состојбата е моментално лоша, не значи дека не треба да се смеете. Секој момент може да биде нов почеток и нов крај, бидејќи добивате шанса со секоја нова секунда. Само треба да ја земете и да ја искористите.
3. Грижата и кукањето ништо не можат да променат
Оние што најмногу се жалат, тие најмалку остваруваат. Секогаш е подобро да се обидете да направите нешто добро и да не успеете, отколку воопшто да не се обидете. Не е сè завршено ако не успеете, готово е кога нема ништо да направите, а само се жалите. Преземете иницијатива!
4. Белезите се симбол на вашата сила
Никогаш немојте да се срамите од белезите кои животот ви ги оставил. Белегот значи дека болката поминала и дека раната е затворена. Белегот е тетоважа од победата на која треба да бидете горди. Не смеете да бидете заложник на вашите белези. Не можете да ги избришете од минатото, но можете да го промените начинот на кој ги гледате. Гледајте на вашите белези како знаци од вашата сила. Персискиот филозоф Џелалудин Руми одамна кажал: „Раната е местото низ кое светлината влегува во вас“.
5. И најмалата борба е чекор напред
Суштината на трпението не е во чекањето, туку во способноста да бидете истрајни додека одите кон вашата цел, бидејќи знаете колку таа вреди. Затоа, ако сакате нешто да започнете, направете го тоа и бидете стрпливи и истрајни. Во спротивно не вреди ни да почнете. Иако тоа може да значи привремено губење на стабилноста и удобноста, на крајот ќе ви се врати дупло. А нема подобро чувство од тоа. Нема подобро чувство отколку кога знаете што значи да се биде жив.
6. Туѓата негативност не е ваш проблем
Бидете позитивни дури и кога ве опкружува негативност. Смејте се и кога другите се обидуваат да ве повлечат на дното. Постои едноставен начин да успеете во тоа, да го задржите ентузијазмот и да останете фокусирани на вашите цели – кога ве третираат лошо, вие останете тоа што сте. Не дозволувајте туѓата огорченост да ве промени. Не сфаќајте ништо лично, дури и кога ви се чини дека тоа е така. Луѓето ретко прават нешто поради вас, обично сè прават исклучиво поради нив.
7. Она што е судено, на крајот ќе се случи
Вистинската сила се гледа тогаш кога најмногу ви се плаче и имате толку многу работи за кои ќе се жалите, но наместо тоа вие се грижите за насмевката и го цените она што ви го дал животот. Зад секоја борба стои благослов, но за да го видите, морате да го отворите вашето срце и ум. Ништо не може да се случи на сила. А она што е судено, секако ќе се случи и од тоа не можете да побегнете, дури и ако силно посакувате и се обидувате.
8. Најдобро нешто што можете да направите е да продолжите понатаму
Не плашете се да станете после поразот, не плашете се повторно да се обидете, да сакате, да живеете. Не смеете да дозволите тешката лекција да го скамени вашето срце. Најдобрите животни лекции се учат од најлошите ситуации и најголемите грешки. Ќе има моменти кога сè што може да тргне на лошо – натаму ќе се насочи, и да не можете да се извлечете. Да, животот е тежок, но вие сте посилни. Морате да пронајдете уште поголема сила за секој ден да се насмеете, храброст да бидете поразлични. Пронајдете начин во вашето срце да ги насмеете и останатите. Не нервирајте се околу работите кои не можат да се променат. Живејте едноставно и великодушно. Зборувајте искрено. Работите претпазливо. Дури и ако чувствувате дека нешто ви недостига, продолжете понатаму. Продолжете да растете.