5 едноставни совети да не качите вишок килограми за време на празниците

5 едноставни совети да не качите вишок килограми за време на празниците

Празничниот период е еден од најтешките за да се остане во добра форма. Сите семејни собири и различни видови настани изобилуваат со храна, па едноставно не можеме да се воздржиме да не посегнеме по неодоливо изложените порции. Но, кога станува збор за самоконтрола околу празниците, нема подобри совети од следниве 5! Во продолжение прочитајте како да се заштитите од несаканите килограми за време на овие новогодишни и божиќни празници.

5 едноставни совети да не качите вишок килограми за време на празниците

1. Јадете пред собирите

Не се појавувајте гладни на собир, без разлика дали е фамилијарен или пријателски. Јадете половина час пред излегување од дома и со тоа автоматски ќе се заштитите од „грицкањето“ што и да ви дојде при рака. Исто така, кога веќе нема да јадете на овие собири, ќе имате повеќе време да се социјализирате со оние околу вас.

2. Вежбајте порано

Најдобро е да завршувате со вежбите уште рано наутро. На овој начин нема да можете да најдете изговори да ги прескокнете со цел да направите место за другите планови што би можеле да ви излезат во меѓувреме. Ако сте во брзање, постојат голем број ефикасни 10-минутни вежби што можете да ги најдете на Јутјуб.

3. Внимателно избирајте десерти

Не се сите десерти исти! Ако сте расположени за нешто благо, пробајте нешто полесно, како на пример, енергетска плочка.

4. Сонот ви е најдобриот пријател

Ако добро се наспиете, ќе имате помалку копнеења за блага и нездрава храна и многу повеќе енергија за вежбање. Со добриот сон секако победувате. Дури и ако сте излезени до доцна во ноќта, славејќи, обидете се да го надополните сонот во текот на следниот ден или пак, вечерта. Не за џабе се вели дека 8-часовното спиење е клучно за убавина.

5. Контролирајте се околу шведската маса

Кога ќе се соочите со шведска маса за време на празниците, најпрво наполнете ја чинијата со здрава храна. Откако ќе го изедете тоа, вратете се назад и одберете ги оние делови од нездравата храна што би сакале да ги пробате. Со оглед на тоа што веќе ќе бидете заситени од првата чинија, нема да се прејадете со лошата храна. Но, дури и тогаш внимавајте да не ја преполните чинијата, бидејќи при зборење нема да забележите кога ќе изедете сè и потоа ќе ви биде лошо!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар