3 начини да ја подобрите креативноста кога работите под притисок од крајни рокови

3 начини да ја подобрите креативноста кога работите под притисок од крајни рокови

Се чувствувате како крајните рокови да ја газат вашата креативност? За некои луѓе, како 28-годишниот композитор Лео Биренберг, да се биде креативен е работа со полно работно време. Откако ја добил својата диплома за музика при Универзитетот во Њујорк, тој успеал да се вработи во „Comedy Central“ и од тогаш, работел на големи хитови како „Заледено“ (Frozen), Мапети: Најбарани (The Muppets: Most Wanted) и Мамурлак: Трет дел (The Hangover: Part III). Па, како овој млад талентиран човек се справува со крајните рокови и ја задржува својата креативност во текот на целиот работен ден? Еве ги неговите совети…

3 начини да ја подобрите креативноста кога работите под притисок од крајни рокови

1. Не се држете до рутина – Менувајте ја содржината што ја консумирате, започнувајќи од музиката, вестите и книгите така што постојано ќе се изложувате на мисли и идеи што се различни од вашите. Зарем има подобар начин да го проширите вашиот видик и да погледнете од очите на другите луѓе од постојаното изложување на нешта што не ги знаете или кои никогаш не ве интересирале? Не дозволувајте да паднете во рутина, бидејќи нема полош убиец на вашата креативност од рутината.

2. Наполнете го вашиот креативен бунар – Користете го слободното време на начинот на кој е наменето да се користи, за одмор. Не дозволувајте вашата работа да премине и во слободните часови. Што и да се вашите работни обврски, правете нешто сосема различно по завршувањето на работните часови. Без разлика дали е некое ново хоби, како вежбање или учење странски јазик, или пак едноставна прошетка во парк, вашата задача е да се тргнете што подалеку од работата.

3. Организирајте го денот околу највисоките точки на вашата креативност – Некои луѓе се попродуктивни наутро, додека пак, другите навечер. Вие најдобро знаете кои сте и кога завршувате најмногу работа, за најкраток временски рок. Кога се чувствувате инспирирано, фрлете се на најтешкиот дел од вашата работа за да не мора да се терате себеси да бидете креативни, а кога сте помрзливи, завршувајте ги полесните задачи, оние за кои не треба многу размислување.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар