Овие 4 едноставни зборови ја откриваат тајната на животот
Сите луѓе се стремат кон подобар живот, но одбиваат да го променат начинот на размислување и однесување. Сигурно веќе сте чуле дека добар дел од работите што ни се случуваат зависат од нас самите. Секој е одговорен за сопствената среќа и никогаш не треба да ги обвинувате другите или судбината доколку сте тажни и незадоволни. Постојат многу комплицирани теории кои тврдат дека ја откриле тајната на животот, но вистината е дека таа е многу едноставна и лежи само во 4 зборови.
Тие зборови се: Никогаш не се спротивставувајте. На пример, доколку ви се случи нешто лошо, постојат две можности.
1. Ќе се спротивставувате на тоа со покажување бес, фрустрација и со постојано жалење.
2. Ќе ја прифатите реалноста (лошиот настан и онака веќе се случил) и ќе продолжите со вашиот ден.
Ова е лесно да се разбере, но тешко е да се примени. Треба да си го поставите следново прашање: „Дали сум подготвен/а да воспоставам контрола врз мојот живот или ќе продолжам да живеам препуштен/а на милост и немилост на околностите?“
Дали сте подготвени за предизвикот?
Доколку одговоривте потврдно, треба да го направите следново:
1. Разберете дека единствената работа што ја добивате со спротивставувањето е уште поголема несреќа.
2. Научете да се смеете на апсурдните ситуации во животот. Претворете го вашиот иден гнев во насмевка (или две).
3. Разберете дека тоа навидум болно искуство може да се претвори во најдоброто нешто што ви се случило во животот.
Почнете да го применувате ваквиот начин на размислување во секојдневниот живот и ќе забележите неверојатни промени.