9 зборови што треба помалку да ги кажувате во претстојната 2017-та година

Сподели

Некои зборови може да го изгубат нивното вистинско значење, само затоа што премногу ги употребувате во секојдневието. Исто така со употребување на некои зборови вашите изјави може да ја изгубат својата вредност или да бидат сфатени во погрешна смисла. За таа цел, погледнете кои зборови треба да ги отфрлите од вашиот речник во претстојната 2017-та година, за да звучите поубедливо и посамоуверено.

Реклама

rn

1. „Извини“

rnОвој збор веќе стана толку вообичаен што луѓето го користат дури и кога навистина не сакаат да се извинат. Затоа, во 2017-та година обидете се да го отстраните овој збор од вашиот секојдневен речник и да го користите само кога навистина ќе го мислите. Не извинувајте се што имате свое мислење!rn

2. „Само…“

rnСо тоа што ќе го додадете зборот „само“ во вашата изјава, вие автоматски ја намалувате нејзината моќ. На пример, кога ќе му кажете на вашиот партнер „Само сакав да знам каде си…“, тоа ја намалува нејзината вредност и нејзиното значење. Чувствувајте се удобно во она што го кажувате.rn

3. Непотребни кратенки

rnМислите ли дека ќе заштедите драгоцено време ако во вашето секојдневие користите непотребни кратенки наместо цели зборови?rn

4. „Буквално“

rnКога зборувате нешто, најверојатно тоа и го мислите. Сигурно не кажувате постојано реченици со преносно значење, па затоа и нема потреба да го користите овој збор толку често.rn

5. „Многу“

rnНаместо постојано да го користите овој збор додаден на некои описи, користете помоќни зборови. На пример, наместо да кажете дека нешто е многу убаво, кажете дека е прекрасно, волшебно, импресивно и слично.

rn

6. „Го/ја сакам“

rnДали ги љубите сопругот или сопругата на ист начин како што ја љубите вашата омилена чанта? Сигурно не. Па, кога зборувате за работи кои ги „сакате“, користете зборови што се посоодветни, како на пример, обожавање. Не дозволувајте оваа моќна изјава да избледи од преголема употреба.rn

7. „Животот ми зависи од…“

rnСигурно животот не ви зависи од вашата кариера, вашиот партнер или вашите пријатели на таков начин како што ви зависи од срцето, мозокот, белите дробови и другите органи!rn

8. „Тој/таа/тоа ми е сѐ“

rnВашиот партнер ви е сѐ. Вашето домашно милениче ви е сѐ. Вашата омилена серија ви е сѐ… Не! Не може сѐ да ви биде СЀ во животот! rn

9. „Имам цел да…“

rnДобро е да имате цел во животот, но постојаното употребување на зборот „цели“ во очите на другите луѓе делува како да имате многу работи кон кои се стремите, но сепак, многу малку се остварени. Задржете ги своите вистински цели за себе.

Подгответе се за годината што доаѓа и погледнете каков совет му е потребен на вашиот хороскопски знак.

Популарно

Може ќе ве интересира