Мора да признаеме дека многу од денешните модни трендови понекогаш изгледаат смешно, но тоа не треба да ве спречи или обесхрабри да ги носите вашите омилени парчиња облека. На крајот на краиштата жените не се дотеруваат за да ги импресионираат мажите, туку за да ги изнервираат другите жени, се согласувате? Секако дека најважно е да се облекувате во она што прави да се чувствувате прекрасно и удобно, без оглед на туѓото мислење.
Не плашете се да си играте со стиловите, бидејќи на тој начин можете да ја изразите вашата креативност и уникатност. Сепак, можеби би требало да знаете кои модни трендови се неподносливи за мажите, чисто информативно. Нивното мислење не би требало да влијае на вашиот начин на облекување и шминкање, но имајте на ум дека тие не се големи љубители на следниве женски модни трендови…rn
Мачкини очи
rnДевојките сметаат дека изгледаат совршено по целиот труд што го вложиле за да исцртаат правилни линии, но момците мислат дека дошло до случајна грешка при шминкањето.rn
Уникатна долна облека
rnСпоред девојките, не постои ништо попривлечно од кожа и чипка, но момците не ги гледаат работите на ист начин. Иако е убаво за очи, тие гледаат милион пречки што им стојат на патот до вистинското задоволство.rn
Црвен кармин
rnДевојките мислат дека не можат да згрешат доколку стават црвен кармин и момците ги поддржуваат, но тие сакаат да го гледаат карминот на вас, а не на нив.rn
Долги вештачки нокти
rnДевојките мислат дека долгите вештачки нокти се модерни и дека им даваат храбар и елегантен изглед. Момците, пак, сметаат дека тие му стојат добро само на Волверин.rn
Лажен тен
rnДевојките се убедени дека лажниот тен во зима им дава здрав и блескав изглед, но мора да признаеме дека тоа никогаш не изгледа природно, а момците се големи љубители на природниот изглед.
Продолжете на следната страница за останатите трендови…rn

